Lifestyle

Кои се најголемите земји „производители“ на биткоини?

08.06.2024

Во светот дневно се рудари по 450 биткоини за што се троши 384,5 kWh електрична енергија. На годишно ниво за ова „производство“ се трошат 140.336 GWh, што ја  надминува годишната потрошувачка за електрична енергија во повеќето земји, како што се Украина, ОАР и Аргентина. Овие податоци произлегуваат од истражувањето на компанијата „Бестброкерс“  и во него е пресметана просечната годишна потрошувачка на енергија за рударење на биткоини. Пресметката е направена од април/мај 2024 година, според потрошувачката на енергија и  локалната просечна цена на електрична енергија по kWh. 

Меѓу најголемите потрошувачи на енергија за рударење се САД со потрошени 145,6 GWh, што претставува 37,9 отсто од глобалната потрошувачка на струја за оваа намена. На второ место е Кина  со   81,2 GWh (учество од 21,1 отсто), а   Казахстан е трета земја  со 50,9 GWh (13,2 отсто). Заедно овие три земји учествуваат со 72 отсто од вкупната енергија во светот која е потрошена за рударење на биткоини.

Фармите за биткоини во САД учествуваат со 37,84 отсто од глобалното производство со 170,41 BTC дневно, во Кина дневно се рударат 95,09 BTC, а Казахстан е на трето место со произведени 59,56 BTC дневно.

Германија е единствена европска земја меѓу десет најголеми производители на биткоини во светот со 13,79 BTC дневно, пренесува „Сеебиз“.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО