Бизнис

Чубриноски: Отворен Балкан уште повеќе ќе придонесе за одлив на работна сила

Здружение на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите

Ѓуро Чубриноски, Д.Г.Т.МАСОН-ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ Скопје 


Какви се вашите очекувања за градежниот сектор за 2024 година?

Мораме да бидеме оптимисти и да се бориме за подобро утре бидејќи градежништвото е важно за економијата, кормило кое ја движи економската активност и затоа е потребно да го заштитиме и да го унапредиме. Но, и покрај тоа, следува година полна со неизвесности и турбуленции, од една страна поради раст на цените на материјалите и на енергентите, а од друга страна како резултат на недостаток на работна сила за што Отворен Балкан уште повеќе ќе придонесе за нивен одлив. Овие текови може негативно да влијаат на моменталната состојба во градежништвото. Политичките збиднувања дополнително ја поткопуваат стабилноста. Но, и покрај тоа, очекуваме стабилизација во станбената изградба во втората половина од годинава.

ПРЕПОРАЧАНО