Бизнис

Трајковски: Оваа година највлијателната гранка во македонската економија ќе почне да се враќа на позитивните патеки

Здружение на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите

Стрезимир Трајковски, Усјепор ДООЕЛ Скопје


Какви се вашите очекувања за градежниот сектор за 2024 година?

По неколкугодишен негативен тренд, градежништвото се соочува со предизвици. Имам оптимистички очекувања дека во текот на оваа година највлијателната гранка во македонската економија ќе почне да се враќа на позитивните патеки.
Креирање на долгорочна стратегија за развој на градежништвото во која приматот ќе го имаат домашните компании е неминовен процес кој мора да се започне што поскоро. Комората ги предлага препораките, но истовремено е потребна активна улога на домашните компании и на државава. Обединети ние можеме да го смениме трендот. Воведувањето на нови практики и поддршка на домашните капацитети се чекори кон ребалансирање на градежништвото како стабилна гранка на македонската економија.

ПРЕПОРАЧАНО