Финансии / Банкарство

Што ни кажуваат графиконите за можностите и за ризиците кои претстојат?

Економија и бизнис | печатено издание | декември 2023г.

Пред да видиме што ни кажуваат графиконите, да се потсетиме за Ичимоку грaфиконите (Ichimoku Cloud Charts). Тоа што треба да запомните е дека ако цените се над облакот, трендот е нагорен, а ако се под, имаме надолен тренд.
Ако сакате да научите како техничката анализа ни помага да ги подобриме нашите инвестициски одлуки, поефикасно да управуваме со ризикот и да изградиме нови кариерни можности, посетете ја нашата веб-страница на www.seemt.org и придружете ни се.
Здружение на пазарни техничари



10-годишни обврзници на САД (10 year T-notes)

Првиот графикон зборува сам за себе. И покрај тоа што некои инвеститори прогнозираат дека може да очекуваме намалување на основната каматна стапка во втората половина на следната година, според графиконот ќе имаме повисоки каматни стапки подолго време. На графиконот е прикажана цената на 10-годишните обврзници на САД за последните 40 години. Цената го проби 40-годишниот биков тренд и тоа што може да очекуваме во наредните месеци и години е нов надолен тренд на цените на обврзниците во САД.


На неделниот графикон, каде што е прикажан приносот на 10-годишните обврзници во САД, можеме да забележиме дека сè уште се наоѓаме во нагорен тренд. Цената се задржа под силна линија на отпор на 5 % што, исто така, претставува и психолошко ниво и ќе биде потребно време за да се пробие. За надолу, нивото на поддршка што треба да го следиме е 4 %.



ЕУР/УСД

Кај еврото моментално сме неутрални. Еврото најде линија на отпор на 1,10. И покрај тоа што цената е над облакот, немаме конфирмација за нагорен тренд од lagging  линијата (означена со сина боја). Потребно е да видиме пробив под 1,05 и нови пониски дна за трендот повторно да биде во надолна траекторија. Од друга страна, доколку го пробие ценовното ниво од 1,10, следно ниво е 1,12.



Злато

Златото достигна нови највисоки ценовни врвови и е во нагорен тренд на сите временски рамки. Од 2020 година до сега се обиде 4 пати да пробие над 2 070 долари. Доколку овој пробив не е лажен и успее да се задржи над 2 100, следната година можеме да очекуваме пораст кај златниот метал од 30 % до 40 %.



Сурова нафта

Кај суровата нафта позицијата се смени. Моментално графиконот е во надолна линија и многу поверојатно е да ја тестира цената од 70 долари. Доколку пробие под неа, трендот ќе биде многу негативен и ќе може да очекуваме уште пониски цени. Доколку цената успее да се врати над 95 долари и направи нови повисоки врвови, повторно ќе имаме нагорен тренд и уште повисоки цени.



S&P индекс

Берзанскиот индекс на акции S&P 500 e во позитивна територија. Ако зборуваме за него, тоа што треба прво да погледнеме е како се тргува Насдак (Nasdaq), односно акциите од технолошкиот сектор кои најмногу го придвижуваат берзанскиот индекс. Акцијата на Епл (Apple), кој има најголем процентуален удел во конструкцијата на индексот, не успева да се придвижи повисоко, а не помалку различно се случува и со останатите акции. S&P 500 моментално наоѓа силна линија на отпор околу 4 600 и сè уште не успева да ја пробие цената од јули 2023 година. Потребно е да видиме повисоки врвови за да останеме во нагорен тренд.


Здружение на пазарни техничари од Јужна и Источна Европа − СЕЕМТ

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано