Kартичките и мобилните телефони се најчестото средство за плаќање низ цела Европа, но количината на готовина во оптек што ја користат граѓаните продолжува да расте. Стравот од војна, природни катастрофи и сајбер напади ги поттикнува граѓаните да чуваат пари дома за итни случаи.
Вредноста на евро банкнотите во оптек се зголеми од околу 1 трилион евра во 2016 година на 1,6 трилиони евра во јуни оваа година, според податоците од Европската централна банка (ЕЦБ).
Филип Лејн, главен економист на ЕЦБ, предупреди на конференцијата во Ирска посочи на интересно несовпаѓање: готовината се користи сè помалку за секојдневни плаќања, но луѓето се повеќе чуваат банкноти во паричниците.
– Вкупниот износ на банкноти продолжува да расте. Нивната употреба во трансакциите опаѓа, но вкупниот износ расте, рече Лејн.
Една од причините е загриженоста дека сајбер нападите или другите кризи би можеле привремено да ги оневозможат дигиталните системи за плаќање. ЕУ им советува на граѓаните да подготват „кризен пакет“
Уште во 2025 година, на граѓаните на ЕУ им беше советувано да подготват залихи од храна, вода и други основни потреби доволни за најмалку 72 часа. Таквиот кризен пакет, наменет за ситуации како што се пожари, поплави, бури и сајбер напади, треба да содржи и готовина.
ЕЦБ, која ги следи податоците за банкнотите од 2002 година, забележа континуирано зголемување на бројот на банкноти во оптек. Во оптек има повеќе од 31 милијарда банкноти, во споредба со околу 24 милијарди непосредно пред пандемијата во 2019 година. Минатата година најчесто „чувана“ банкнота е од 50 евра, по што следеше банкнотата од 100 евра.
Австрија, Финска, Германија, Шведска и Холандија веќе препорачуваат граѓаните да чуваат помеѓу 70 и 100 евра во готовина по домаќинство, доволно за основни потреби за 72 часа ако онлајн и мобилните плаќања престанат да функционираат, пренесува Сеебиз.
Фото Економија и бизнис








