ЗАСТРАШУВАЧКИ БИЛАНС ОД ТОПЛОТНИОТ БРАН ВО ЕВРОПА, пријавени над 32.000 смртни случаи како последица на високите температури

Од средината на јуни и до средината на август, во Европа се регистрирани повеќе од 32.000 смртни случаи во услови на исклучителни топлотни бранови. Ова се   привремените податоци од Европската платформа за следење на прекумерната смртност (EuroMomo).

Платформата, чиј статистички модел вклучува официјални податоци од 23 европски земји, проценува дека најмногу смртни случаи се регистрирани во последната недела од јуни, кога се регистрирани речиси 16.000 смртни случаи, додека околу 8.000 повеќе се регистрирани во првата недела од јули, објавува Фигаро.

Најголем број жртви е регистриран во Германија, каде што до 9 август, околу 14.000 луѓе починале како резултат на екстремна топлина, што е најголем број откако Институтот Роберт Кох спроведе ваков вид проценка во 2016 година.

Граѓаните над 75 години беа најранливи.

Во Франција, 7.300 смртни случаи повеќе од очекуваните се регистрирани во периодот на високи температури од крајот на мај до 22 јули, додека Шпанија регистрираше речиси 4.500 смртни случаи поврзани со топлината помеѓу 1 јуни и 19 август, најмногу од 2022 година.

Белгија пријави 2.570 смртни случаи повеќе од очекуваните помеѓу 18 јуни и 17 јули, Англија 2.877 за време на топлотните бранови во мај и јуни, Холандија 968 помеѓу 22 јуни и 5 јули, Австрија 395 во јуни и повеќе од 600 помеѓу средината на јуни и крајот на јули, пренесува Б92.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано