Вести

Одлична комбинација на супермодерни уреди за работа и за забава

17.11.2023г.

Без разлика дали се работи за извршување на професионалните обврски, за забава или пак за сето она што ни го сочинува секојдневниот живот, едно е сигурно: телефонот ни е секогаш при рака. Што ни се нуди денес на пазарот што е во чекор со најсовремените технологии за мобилни уреди и блеска со својот единствен беспрекорен дизајн, и чии функционалности се токму она што ни е потребно?

Galaxy Z Flip5 – супермодерен, стилски и несекојдневен телефон на преклоп!

Samsung повторно направи бум со својата последна линија на Galaxy уредите, но овој пат кај телефоните на преклоп. Новиот Galaxy Z Flip5 првенствено е унапреден со нов надворешен екран, кој е драстично поголем од оној на неговиот претходник, а новата шарка овозможува целосно затворање наместо да остават празнина, што ги прави попрактични, но и стилски. Мерено дијагонално надворешниот екран изнесува 3,4 инчи во целосна правоаголна форма со реалната видлива површина е приближно 95% од вкупната површина, што ја исклучува потребата од отворање на телефонот за многу активности. Преку Flex Window ќе можете брзо и лесно да пристапите до важните информации. Со помош на виџетот, лесно ќе го проверувате времето, ќе ја контролирате репродукцијата на музика за да ги слушате омилените песни со помош на Media Controller функцијата, како и да ги следите најновите ажурирања на глобалната берза преку додатокот Google Finance доколку тоа ве интересира. Со еден поглед ќе можете да ги прегледате сите графички контроли, додека истовремено се префрлате од една во друга со активирање на функцијата Multi Widget View. Можете лесно да ги проверувате известувањата и да пристапите до брзите поставки за Wi-Fi или Bluetooth. Исто така без да треба да го отворате уредот, можете да ја прегледате историјата на повици за да враќате пропуштени повици и да одговарате на пораки во движење користејќи Quick Reply со целосна QWERTY тастатура и приказ на историја на повици.

Дизајнот и обликот се карактеристики со кои овој уред најмногу плени, како и со најразновидното искуство со камерата на паметен телефон Samsung Galaxy. Благодарение на поголемиот Flex Window екран, ќе можете да правите висококвалитетни селфи фотографии со помош на задната камера, или пак да снимате импресивни фотографии без раце и од креативни агли со FlexCam, додека режимот Flex ќе ви овозможи брзо и лесно гледање и уредување на снимката. Кога фотографирате пријатели, Dual Preview им овозможува да се гледаат на екранот Flex Window, каде што можат да направат прилагодувања во реално време за совршени снимки. Со Super Steady стабилизацијата на камерата, корисниците можат да добијат непречени снимки во движење, додека со Auto Framing, никој нема да биде исклучен од фотографијата.

Со подобрени решенија за вештачка интелигенција, можете да внесете живот во секоја фотографија. Оваа опција ја поттикнува и носи креативноста дури и во услови на слаба осветленост со дополнително подобрени можности за Nightography што ги оптимизира фотографиите и видеата во услови на амбиентално осветлување. Алгоритмот за обработка на слика (ISP) со вештачка интелигенција го коригира секој визуелен шум што обично ги нарушува фотографиите направени во услови на слаба осветленост, истовремено подобрувајќи ги деталите и тонот на бојата, при што фотографиите уште од далеку изгледаат многу појасни со дигиталниот зум од 10x.

Совршена спојка меѓу вашиот телефон и таблет!

Samsung Galaxy екоситемот е создаден за сите корисници кои од своите уреди го очекуваат само најдоброто. Па така, омилениот Galaxy Z Flip5 кога ќе се поврзе со таблет од серијата Galaxy Tab S9 се добива неспоредливо корисничко искуство. Сето она што го работите на телефонот веднаш можете да го пренесете на таблетот и само да продолжите. Користењето на сите креативни алатки е лесно кога таблетите Galaxy Tab S9 се поврзани со други уреди, при што со опцијата Multi-Control беспрекорно ќе можете да копирате, лепите или влечете текст или слики директно помеѓу таблетот и паметниот телефон. И не само тоа, туку без проблем ќе можете да сликате и снимате видеа и да ги пренесувате телефонот на таблетот, како и да пренесувате датотеки. Извонредните карактеристики на таблетите од серија Galaxy Tab S9 се совршени за дено-ноќна забава еднакво како и за извршување на секојдневните професионални обврски.

Без разлика дали ќе се одлучите за Galaxy Tab S9, Galaxy Tab S9+, или Galaxy Tab S9 Ultra, ве очекува досега најголемиот Dynamic AMOLED 2X екран произведен од Samsung, со HDR10+ што овозможува прилагодување на тонот кадар по кадар и фрејм по фрејм, со широк и беспрекорен спектар на бои и осветлувања. Потенки, но помоќни од претходните модели, Galaxy Tab S9 таблетите се опремени со истиот водечки мобилен процесор со молскавична брзина Snapdragon® 8 Gen 2 Mobile Platform за Galaxy.  Тука е и функцијата за заштита на видот со која се намалува напрегањето на вашите очите при слабо сино светло, а при гледањето на содржините на таблетот кој ќе ви го замени лаптопот, ќе ги забележувате и најситните детали, така што тие ќе изгледаат прецизни и јасни. Сите унапредени функции  на таблетите од серијата Galaxy Tab S9 во целост ви овозможуваат да поминете долги часови во стримање, гејмање, бинџување, читање или работење на вашиот нов таблет, бидејќи пред вас е температурно најефикасната Galaxy Tab серија досега со внатрешна комора за пареа, посебно дизајнирана за потребите на таблет со висок интензитет со двонасочна диспрезија натоплина што помага при овозможување и одржување на подобри перформанси во тек на подолг период на користење.

Искористете ја промотивната понуда и добијте бонус услуга!

 

Во тек е промотивен период за добивање на бесплатен пакет YouTube Premium. Со купување на телефон Galaxy Z Flip5 или таблет од Galaxy Tab S9 следува беспатно користење на услугата YouTube Premium во времетрааење од 4 месеци, период во кој ќе можете вашите омилени содржини да ги гледате без реклами и без интернет конекција. Повеќе за оваа промотивна понуда можете да прочитате тука.  

ПРЕПОРАЧАНО