Вести

Македонско- Германско стопанско здружение домаќин на 14тиот Октоберфест во Скопје

15.09.2023г.

Повеќе од 1000 гости од бизнис секторот присуствуваа на традиционалниот Октоберфест кој се одржува 14 години по ред во организација на Македонско- Германското стопанско здружение.

И оваа есен претставниците на бизнис секторот, дипломатијата и медиумите имаа можност во Скопје да ја почувствуваат баварската традиција долга 223 години.  

Антје Ванделт, директорката на АХК Северна Македонија и раководен член на Управниот Одбор на Македонско- Германското стопанско здружение и Амбасадорката на Сојузна Република Германија, Петра Дрекслер на традиционален бравски начин со дрвен чекан го отворија чепот на првото буре со пиво, а со изреката “О'zapft is“ (чепот е отворен) официјално започна прославата на Октоберфест во Скопје!

Повеќе од 1000 гости од бизнис секторот, дипломатијата и медиумите уживаа во традиционална  баварска кујна, германски и македонски пива и музиката на рок бендот South Park.

„За мене ова е првиот Октоберфест во Скопје и ме радува фактот дека една долгогодишна германска традиција е толку добро прифатена. Од година во година  расте бројот на германските инвестиции во Северна Македонија, а со тоа се зголемува и бројот на нашите гости на Октоберфест. 1000 претставници на бизнис заедницата се вечерва со нас, заеднички да ги прославиме сите успеси, но и да наздравиме со студено пиво за посветеното работење“- Антје Ванделт, директорката на АХК Северна Македонија и раководен член на Управниот Одбор на Македонско- Германското стопанско здружение.

„Особено ми е мило што прославата на Октоберфест во Скопје  прерасна во традиција, овој настан е од големо значење за градот Скопје, тој е важен за соработката како на економски, така и на културен план помеѓу нашите две земји“- рече амбасадорката на Сојузна Република Германија во Северна Македонија, Петра Дрекслер.

ПРЕПОРАЧАНО