Бизнис
Евротип: Предложените измени во законот директно ја загрозуваат нашата функционалност
Групација на игри на среќа
Економија и бизнис | печатено издание | мај 2023г.
Како ја оценувате тековната состојба во вашиот сектор? Каде е во тие рамки вашата компанија и што носи иднината?
Предлог-измените на Законот за игри на среќа кои во моментов се во Собрание директно се чувствуваат во нашето работење. Нашите вработени функционираат во тензија и страв бидејќи се свесни дека нивните работни места се директно загрозени и стравуваат за својата иднина, а сето тоа се одразува на секојдневното функционирање.
Како работодавачи сме загрижени бидејќи предложените измени во законот директно ја загрозуваат нашата функционалност.
Предлог-измените во законот, кои задираат во веќе постојните лиценци, претставуваат сериозна закана за нас и сметаме дека ваквите одредби не смеат во никој случај да бидат дел од конечното законско решение.
Бараме законско решение кое е перспективно, реално, базирано на сериозни анализи, подготвено во координација со засегнатите страни и експертската јавност. Сметаме дека е потребно долгорочно решение кое ќе биде рамо до рамо со европските регулативи бидејќи целиме нашата индустрија да оди напред и да се развива во чекор со светските стандарди.