Вести

Штандот на БРАКО привлечен за учениците заинтересирани за учење преку работа

17.05.2023г.

БРАКО учествуваше на Отворениот ден на средното техничко училиште „Коле Неделковски“ во Велес, во пресрет на уписните рокови на новата генерација ученици.

На штандот на БРАКО младите ученици можеа да добијат информација како и на кој начин практично ќе учат за својата струка во рамките на фабриките во склоп на БРАКО, кој е една од компаниите партнери  каде се реализира практична настава и учење преку работа, во рамките на програмата за Дуално образование.

“Во  БРАКО се спроведува дуално образование за техничари за индустриска мехатроника ,техничари за производно машинство и заварувачи. Ние сме современа компанија која располага со  современа технологија и со комбинирање на теоријата од училиште и праксата во фабрика, создаваме вешт и стручен млад кадар, кој подготвено ќе се вклучи во производствените процеси на работното место кога ќе дојде денот за тоа“ - вели Олгица Минова, сертифициран ментор за „Дуално образование“ во БРАКО.

Преку овој проект, Делегацијата на германското стопанство овозможи кај нас да се воведат елементи од германскиот модел на дуално стручно образование, според стандардите на Асоцијацијата на германските комори за индустрија и трговија (DIHK).

„Во јуни и јули ќе има завршен теоретски и практичен испит за професијата Техничар за производно машинство според германски стандарди и на учениците ќе им биде доставена нова стручна германска литература“ -вели Дејан Чуповски ,Координатор на програмата Skills experts од Делегацијата на германско стопанство.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано