Вести

Одржливи и паметни апарати за домаќинството за полесно и модерно секојдневие

17.03.2023г.

Современото живеење секој ден станува сè поскапо, а користење на одржливи и паметни апарати во домаќинството наместо вообичаените, ќе ви заштеди пари и истовремено ќе ви овозможи поздрава домашна средина. За среќа, достапноста до вакви апарати денес е полесна од кога било, имајќи ги предвид апаратите за домаќинства кои кај нас ги нуди компанијата Samsung Electronics, како една од најголемите производители на паметни и одржливи апарати за домаќинствата во светот. Да ве запознаеме со неколку апарати од нивната производствена линија, кои се основна потреба за секое домаќинство:

 

Идеални машини за перење алишта: енергетски ефикасни, штедливи и еколошки

Паметните машини за перење со AI на Samsung  поседуваат еколошки карактеристики кои ќе ви овозможат да ја искусите секојдневната одржливост без жртвување на перформансите. Како најдобри енергетски ефикасни машина на пазарот, опремени се и со технологијата AI Ecobubble™ на Samsung која овозможуа вашите алишта да се исперат во ладна наместо топла вода, без додавање дополнително време на циклус со што ќе заштедите до 70% од потрошувачката на енергија. Да не ги заборавиме и високите стандарди за чистота и хигиена на облеката, благодарение на кои детергентот бргу ќе навлезе во вашите ткаенини и ќе ја отстрани нечистотијата дури и во ладна вода. Паметните машини за перење на Samsung со AI доаѓаат со сензори за перење кои ја мерат тежината на алиштата и нивото на валканост за да обезбедат оптимална количина на вода, детергент и енергија кои би се користеле, со што се избегнува нивно непотребното трошење. Не го заборавајте и интелигентното перење со AI Control со што вашето перење е персонализирано преку помнење на вашите навики, истовремено давајќи ви навремени информации и совети за циклусите, а сето тоа на вашиот паметен телефон. Дополнително, уживајте во поефикасно перење со AI Ecobubble™. Создава меурчиња кои отстрануваат 24% повеќе нечистотија, дури и при ниски температури, заштедувајќи 70% енергија и гарантирајќи 45% подобра нега на ткаенината. Исто така, го детектира типот на ткаенината и ја оптимизира количината на меурчиња, времето на перење, температурата и брзината на центрифугирање.

 

Интелигентна машина за садови која ќе ја намали сметката за струја

Samsung паметната машина за садови е одличен избор за секој дом имајќи го предвид уделот на машината за садови во сметката за струја во сечие домаќинство. Затоа, од големо значење е вашата машина за садови, освен што ќе ги чисти садовите беспрекорно, таа да биде и енергетски ефикасна, односно да троши помалку струја. Mашините за перење садови на Samsung докажано заштедуваат енергија без да влијаат на перформансите или на функционалноста. Освен одржливоста, овие машините за перење на садови имаат карактеристика за интелигентно ракување со машината од далечина. Земете ја како пример DW8500AM машината за садови со висока енергетска ефикасност,  која можете далечински да ја надгледувате и контролирате од вашиот паметен телефон во секое време и од секаде преку апликацијата SmartThings, да го проверувате статусот, да бирате циклус, да добивате информации за состојбата на машината, како и препораки за програмите за перење кои таа ги нуди. Не размислувајте понатаму - Samsung паметната машина за садови ќе ви заштеди пари и ќе ви го олесни секојдневието!

Со Samsung рерните скратете го времето поминато во кујна

Рерна која прави крцкави компирчиња и наместо масло користи топол воздух, или ултра модерна рерна која вклучува и микробранова печка, се супер решенија за вашиот дом кои ќе ви го олеснат подготвувањето на ручекот и ќе го намалат времето кое го поминувате во кујната. Како?  Преку wi-fi  поврзување со рерната, на вашиот паметен уред ќе можете да го следите готвењето на храната, да ја вклучувате или исклучувате рерната и секако да ја прилагодувате температурата на која ја подготвувате вкусната храна. И можеби најважното –  времето ќе ви го заштеди бидејќи, освен тоа што има двојни вентилатори за побрзо готвење, во неа можете да готвите и неколку различни јадења одеднаш без мешање на мирисите или вкусовите. Ако веќе се прашувате за кои рерни станува збор, свртете го вашето внимание кон рерните на Samsung, и запрашајте се: „Зошто да немам рерна која ќе ми дава персонализирани рецепти и препораки за неделен план на оброци според моите желби и преференции, а при тоа да има исклучителна енергетска ефикасност?“  Токму така – нема причина да ја немате бидејќи таа рерна припаѓа во вашата кујна!

Повеќе информации за производите може да најдете на:

https://www.samsung.com/mk/dishwashers/all-dishwashers/

https://www.samsung.com/mk/washers-and-dryers/all-washers-and-dryers/?washer

https://www.samsung.com/mk/cooking-appliances/ovens/nv7000b-4series-dual-cook-flex-4series-dual-cook-flex-nv7b4550vak-u3/

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано