Вести

„За среќно лето со Веро“ – голема наградна игра за автомобил Peugeot 308

15.06.2022г.

„За среќно лето со Веро“ е големата наградна игра со многу вредни награди за потрошувачите со која Веро го одбележува својот роденденски јубилеј и во која најсреќниот ќе си замине дома со автомобил Peugeot 308.

Наградната игра е во тек и ќе трае до 30 јули. Во овој период, секоја сабота ќе се извлекуваат добитници на повеќе вредни неделни награди, односно на еден електричен тротинет, еден телевизор, по еден машки и женски велосипед, еден мобилен телефон, еден рачен часовник, пет вредносни ваучери од 2.000 денари, пет вредносни ваучери од 1.000 денари и на пет сетови прибор за јадење. 

Право на учество во наградната игра имаат сите полнолетни потрошувачи во Веро маркетите кои ќе направат сметка од 300 денари од означените промотивни производи. За секоја таква сметка тие ќе добијат купон, кој треба да го пополнат со лични податоци и да го остават во означените кутии во секој Веро маркет. Јавните извлекувања на добитниците на неделните награди ќе се одржуваат секоја сабота во Веро центар во 12 часот, а имињата на среќните добитници ќе се објавуваат на профилите на социјалните мрежи на Веро маркети. 

Главното извлекување е закажано за 30 јули, кога на извлекувањето во Веро центар  ќе ги дознаеме имињата на новите сопственици на автомобил Peugeot 308 и на скутер Hamachi ILBELLO 50. Сите учесници во наградната игра треба да ги чуваат фискалните сметки бидејќи подигнувањето на наградите ќе биде овозможено само со приложување на фискалната сметка и на документ за лична идентификација.

Веро им посакува среќно лето на сите учесници во наградната игра. 

ПРЕПОРАЧАНО