Актуелно

Економија и бизнис | број 283 | март 2022г

Во мартовскиот број ќе читате...


Мега интервју со Горан Митрески, основач на компанијата Кабтел: Довербата е взаемна и макотрпна работа 

Она што ни е најбитно е не само да им пренесеме туку и да им потврдиме на сите кои работат и соработуваат со нас дека Кабтел е сериозна и одговорна компанија и дека во целост можат да се потпрат на нас со сиот наш потенцијал.


Интервју со Г-ѓа Ана Киријас, управител на Раде Кончар Контактори и релеи ДОО Скопје: Раде Кончар Контактори и релеи − Успешна приказна во Програмата за поддршка на конкурентноста на МСП на ЕБОР и на ЕУ


Интервју со Елена Петровска, Основач на Цветна Порака стартап компанија во цветната индустрија: Нашата примарна цел е задоволни купувачи со кои заедно ќе пренесеме убава цветна порака

Производите се стандардизирани во категории, со можност цветниот дизајн да биде усогласен според преференциите на купувачите за индивидуални и корпоративни настани.


Интервју со Никола Данев, докторанд на универзитетот Корнел во САД: Со многу работа и голема желба може да се постигне секоја зацртана цел

Ако успееме да ги елиминираме болестите предизвикани од бактерии во сточарството без употреба на антибиотици, тогаш ќе се намали бројот на бактерии отпорни на нашите стандардни терапии и антибиотици и со тоа ќе ја намалиме смртноста од одредени заразни болести и кај животните, но и кај луѓето. 


Зоран Јовановски: Бизнисот без добивка век не векува! 

„Среќата со пари не се купува, љубовта без мерак век не векува“ е рефренот на една добро позната македонска народна песна. Убавината на народните мудрости е во тоа што...


Гордан Георгиев: Судир на цивилизации 

Сепак, Русија овој пат едноставно не може да биде во право. Светот е циничен, зол и полн со неправди и непринципиелни политики. Но, светскиот поредок...


Маја Кадиевска Војновиќ: РАСТОТ НА ЈАВНИОТ ДОЛГ – КОЧНИЦА НА ИДНИОТ ЕКОНОМСКИ РАСТ  

Психолошкиот праг од над 60 % на јавен долг во бруто-домашниот производ (БДП) веќе втора година по ред е поминат во домашаната економија. Во 2022 година, согласно проекциите за буџетски дефицит од 545 милиони евра, ќе има...


Горан Петревски: Што можат економистите да кажат за пандемијата?

Истражувањата покажуваат дека помалку се придржуваат кон рестриктивните мерки следниве категории: работниците кои немаат можност да работат од дома, посиромашните луѓе, доселениците и малцинствата, како и мажите.


Дејан Азески: СРБИЈА ВЕЌЕ ИМА ЖЕЛЕЗНИЦА КОЈА ВОЗИ 200 КМ НА ЧАС − КАДЕ СМЕ НИЕ? 

Без разлика на геополитичките, административни или финансиски пречки, Македонија по примерот на Србија мора што поскоро да фати чекор со изградбата на брзата кинеска пруга од Атина до Будимпешта.


Павле Гацов: ВОВЕДУВАЊЕ НА ЦЕНТРАЛИЗИРАН СИСТЕМ НА Е-ФАКТУРИРАЊЕ КАКО СИЛНА МЕРКА ЗА БОРБА ПРОТИВ СИВАТА ЕКОНОМИЈА 

По подолго време повторно сум „во седло“ и наоѓам време за пишување токму кога сум најзафатен. Се враќам со свој текст во списанието „Економија и бизнис“, пишувајќи на актуелна и практична тема која нуди решение за креаторите на економските (фискалните и финансиските) политики.


Драган Тилев: ИПА 3 (IPA III), нова шанса за продлабочување на пристапните реформи?

Зрелото и трезвено размислување секако ќе нè донесе до заклучок дека парите се важни, но не се секогаш и најважни. Буџетот на ЕУ не е само за тоа колку дава и колку ние ќе земеме, туку е и за нешто многу повеќе


Катерина Бошевска: РАЗВОЈ НА СЕКУНДАРЕН ПАЗАР ЗА ТРГУВАЊЕ СО НЕФУНКЦИОНАЛНИ КРЕДИТИ КАКО ОДГОВОР НА РАСТЕЧКИОТ ОБЕМ НА ОВИЕ ПЛАСМАНИ ВО БАНКИТЕ

Според истражувањето на Европскиот банкарски авторитет (ЕБА), во блиска иднина се очекува значително зголемување на обемот на нефункционалните кредити главно како резултат на пандемијата, а нивното...


Емилија Ѓорѓиоска: Кои лични податоци од кандидатите за вработување смее да ги обработува работодавачот? 

Сведоци сме на сè повеќе присутни огласи за вработување објавени на социјалните медиуми или интернет-страници каде што од заинтересираните лица се бараат пријави, документи, биографски...


Коста Спасески: ОСИГУРУВАЊЕ − КАКО ДО ПОДОБАР КВАЛИТЕТ  

Одреден ризик може да биде осигурен само доколку се работи за иден, неизвесен и независен настан од волјата на договарачот на осигурувањето. Не секој ризик може...


Илија Попјанев: Кој е агилниот менаџер и зошто е толку важен за компанијата?

Агилните менаџери се инклузивни, хумани и демократски лидери кои својот фокус го ставаат на вработените и на клиентите, водејќи ги притоа со силна визија, цел, смисла и јасен одговор на прашањата„зошто“ и „како“ во корелација со организациското работење.


Македонија 2025: Македонија 2025 прогнозира: Растот на БДП во кв. 4 2021 ќе биде меѓу -1 % и 1 %. 


Алма Дјелиќ & Лора Мари: Француската агенција за развој на Балканот: енергетскиот сектор пред стратешка пресвртница 

Актуелната енергетска криза, која особено влијае на земјите од Западен Балкан, нè потсетува дека праведната, одржлива и издржлива транзиција е од ...


Снежана Поповска: Нагорниот тренд на Индексот на американскиот долар (US Dollar Index) e пред својот тест дали ќе се задржи  

Пред да го погледнеме пресвртот во неделниот графикон, најпрво да ја погледнеме долгорочната техничка позиција на Индексот на доларот (Dollar Index). Таа е прикажана на квартална...


Дарко Булдиоски: Маркетинг-аналитика за раст на бизнисот

Во дигиталниот свет сите помалку или повеќе сме опседнати со податоци и нивна анализа, и тоа не е се само празни зборови, аналитиката е клучна за брз и стабилен раст на секој (дигитален) бизнис.. 


Љупчо Поповски: Како големите пандемии ја менуваат политиката: Црната смрт од 14 век и денешниот ковид

Зошто регионите кои биле најтешко погодени од Црната смрт и со огромна смртност станале многу подемократски во наредните векови? Дали тоа може да има некакво значење и за сегашнава ковид пандемија?


Ивор Мицковски: Путин води хибридна војна против Западот

За да се разбере димензијата на новиот геополитички проект на Путин, доволно е да се погледне географската карта и да се...


Лидија Георгиева: Недела на високата мода во Париз пролет/лето 2022

ПРОДОЛЖУВА СОРАБОТКАТА НА ЖАН ПОЛ ГОТЈЕ СО ПОМЛАДИТЕ БРЕНДОВИ


Сузана Камберова: СРЕЌА (алегориска приказна)

Итроштината на нејзината мајка се чинеше дека веднаш донесе успех. Штом некој ќе ја сретнеше и ќе ѝ го слушнеше името...


Тихомир Јанчовски: За паметта и паметењето

Не постојат двајца исти луѓе, ниту две исти нешта во светот. И во вселената. Не постојат ниту две исти клечки кибрит, камоли две исти живи суштества. Уникатноста е универзален закон. Секој човек е посебен...


Ѓорѓи Јаневски: Дружба со Битлси

Сите се поканети.


Убава Македонија: СЕЛЕЧКА ПЛАНИНА


Сето ова, како и други содржини, на 120 страници, за 150 денари, во најблиската трафика.

ПРЕПОРАЧАНО