Вести

Он-лајн гејминг недела организиран од Македонската Еспорт Асоцијација

24.12.2021г.

Во текот на престојниот викенд па се до 28ми Македонската Еспорт Организација организира натпреварувања во три игри и тоа: League of Legends една од најиграните игри кај младата популација со натпреварување 1 против 1 (Петок – 24.12), популарната Dota 2 со натпреварување 1 против 1 (Сабота – 25.12); и (Недела – 26.12), Counter-Strike:Global Offensive 2 против 2, мега популарната дисциплина кај нас и интернационалната сензација и два дополнителни дена (Понеделник и Вторник 27-28.12)одвоени за нашите популарни македонски стримери на платформите YouTube и Twitch.tv ширум целата држава.

Сите овие натпреварувања ќе се одвиваат он-лајн и со мотото #HelpTheOthers, со цел помагање на сите оние кои им е најпотребен персонален компјутер, дали за он-лајн предавања и учење или пак работа. За да приказната биде уште поуспешна се одлучивме овој настан со хуманитарни цели да го изведеме заедно со Донирај Компјутер и европеецот на годинава, Борче Стаменов. Како и на досегашните настани на МЕСА, борбата помеѓу играчите ќе биде пренесена во живо на најголемата интернет платформа за стриминг Twitch.tv, односно на Twitch.tv/mesa_esports

Ги покануваме сите заинтересирани заедно да ги проследиме овие турнири кои се дел од Gaming Week, како и секогаш не очекува забавна дружба со гејминг заедницата и одлично натпреварување помеѓу играчите.

ПРЕПОРАЧАНО