Вести

Триглав Осигурување донираше опрема на ЈЗУ Специјална Болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ – Чаир

24.12.2021г.

Триглав Осигурување донираше опрема на ЈЗУ Специјалната Болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“-Чаир. Донацијата има за цел поддршка на јавното здравство и унапредување на услугите, кои што болницата ги обезбедува за своите пациенти. 


Триглав Осигурување даде поддршка на Специјалната Болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“-Чаир, со донирање на гинеколошки кревет за третман и преглед, со цел да и овозможи на оваа здравствена установа да ги унапреди условите за работа, како и да ја подобри услугата, којашто болницата ја обезбедува за своите пациенти.

Превентивата во секој сегмент од нашиот живот е приоритет за нас во Триглав Осигурување. Сметаме дека таа придонесува кон побезбедна иднина за сите нас, иднина, за која што можеме да планираме и да сонуваме. Токму затоа, нашиот фокус на здравственото осигурување, посветеноста и промоцијата на здрав начин на живот и воопшто, подобрувањето на условите во здравството е од толку големо значење. Искрено се надеваме дека со оваа донација придонесовме кон подобар квалитет на услуги на болницата, и секако ќе продолжиме и натаму да го помагаме овој витален сегмент од нашето општество, изјави во оваа прилика Главниот извршен директор на Триглав Осигурување, г. Ѓорѓе Војновиќ.

Не помалку значаен е фактот дека со обезбедување на нов гинеколошки кревет за третман и преглед на одделот за ургентна гинекологија, одделот ќе може да ја покрива патологијата која ја третира и во вечерните часови, не префрлувајќи ги тогаш пациентките за евалуација на оперативниот оддел. На тој начин ќе се намали раздвижувањето на пациентките, што во услови на пандемија е исклучително важно, ќе се намали вознемиреноста и ќе се обезбеди поголема дискретност за пациентките и конечно, ќе се почитува и принципот на немешање на патологија меѓу одделенијата.Со обезбедувањето на овој стол, непречено ќе можат да се изведуваат голем број на  дијагностички и терапевтски постапки, изјави во оваа прилика Д-р.сц.мед Башким Исмаили, директор на ЈЗУ Специјална Болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“- Чаир.

ПРЕПОРАЧАНО