Вести

Новогодишни попусти и одличен шопинг зачинети со празнични вкусови и добра забава во Ист Гејт Мол

22.10.2021г.

Уживањето во декемвриските денови во новата шопинг престолнина, Ист Гејт Мол, продолжува.

Шопинг на подароци низ пространите коридори, започнатите новогодишни попусти, како и уживањето во топло чоколадо и слатки закуски во пријатна празнична атомсфера, е новата модерна навика на урбаниот купувач во најголемиот регионален центар оваа зимска сезона.

Оваа седмица се отстапува место на голем број предновогодишни изненадувања.

На 23.12.2021 (четврток), слаткиот вкус на празниците пристигнува во Ист Гејт Мол на настанот „Christmas Cooking with Branko by Vitaminka & East Gate Mall“, со почеток во 17:00 часот на 1 кат. Поканети се сите деца и родители, а воедно и љубителите на добрата храна, кои ќе можат да ја разиграат својата предновогодишна агенда со откривање на празнични вкусови на слатки ginger колачиња,приготвени со состојки од Витаминка, збогатување на идеите за празничното домашно и здраво мени со чоколадна Yes паста, освежителни Cooking with Branko смудиња, енергични шејкови од Polleo Sport, како и добивање можност за станување еден од добитниците на подарок ваучери од Крусел (Iskra). Присутните дечиња ќе имаат шанса и да ги декорираат приготвените колачиња заедно со познатиот food блогер и chef, Бранко Попоски, кој ќе открие и неколку тајни трикови за вкусни новогодишни деликатеси во својот „Празничен Буклет со Рецепти powered by East Gate Mall“, специјално достапен во дигитална форма за посетителите на Ист Гејт Мол.

Истиот ден на 23.12.2021, на приземје во коридорот од Design Gate до влезот на рестораните, се очекува да започне и „Wine & Dine Фестивал“. Фановите на спарување храна и вино, ќе имаат шанса да се опуштат во комфорна зимска атмосфера со голем број на празнични чоколадни, вински, зачинети и млечни вкусови, секој ден, со различен DJ сет и тоа од 18 до 21:00 часот. Тридневниот настан ќе трае сѐ до 25.12.2021 (сабота).

Петок (24.12.2021) е омилениот ден за сите кои преферираат удобен, а сепак несекојдневен шопинг, „White Night Shopping“, кој што е најавен да трае сѐ до полноќ, кога секој посетител на Ист Гејт Мол ќе има одлична шанса пред завршувањето на 2021 година, да ги купи сите преостанати подароци за најблиските, а воедно и да ужива во сите достапни содржини во овој мол од европски ранг.

Секој ден од 14:00 до 16:00 часот посетителите во молот продолжуваат да уживаат во празничната улога на „слушатели во прв ред“ на предновогодишната музичка програма на радио емисијата „Кажи ДА во ДВА“ на City Radio, во живо од Ист Гејт Мол.

На 30.12.2021 со почеток од 17:00 часот, музичката платформа за млади уметници, Полифонија (детски хор), ќе го оддржи својот втор настап во молот.

Во понеделник од 27.12.2021 до крајот на 2021 ќе се одржи„Саем на Книга“ како експо на издавачи, кога безброј напишани страници од страна на голем број автори, ќе бидат уште подостапни до фановите на секој жанр.

Изложбата,,Изгледаш прекрасно денес”во организација на Europe House и Европска Комисија, е сѐ уште достапна и истата ќе биде изложена сѐ до 10.01.2022.

Изминатиот викенд, Ист Гејт Мол беше домаќин на детските насмевки и ритамот на музиката. Препознатливите мелодии од Детскиот фестивал „Поточиња“, заедно со маскотата Поки, внесоа дополнителна празнична еуфорија во новото срце на градот. Бројни групи дечиња од сите возрасти од три познати танцови студија, „Eat the Beat“, „Aqua Dance Club“, како и „Еурека“, на 18.12.2021, беа вистинскиот центар на празничната магија во Ист Гејт Мол. Преку пеење и танцување, голем број на познати хитови, како и празнични евергрини, беа претставени во различни музички стилови, а заинтересираните посетители, од кои најсреќните си заминаа со слатко изненадување и подароци, имаа можност да уживаат во магионичарско шоу со трикови и жонглирање.

Искуси празнична магија во Ист Гејт Мол.

Ти си центар.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано