Вести

г-ѓа Лилијана Танги, пратеничка во Националното собрание на Република Франција во посета на земјава

Од 8 до 10 декември 2021 г. во работна посета на земјава ќе престојува г-ѓа Лилијана Танги, пратеничка од Финистер во Националното собрание на Република Франција, потпретседателка на Комисијата за европски прашања и на Групата за пријателство Франција-Северна Македонија, како и член на Комисијата за надворешни работи.

Нејзината агенда вклучува разговори на високо ниво со Министерот за Надворешни работи, г. Бујар Османи, со Министерката за Труд и социјална политика, г-ѓа Јагода Шахпаска, како и со г. Александар Николоски, претседател на парламентарната група за пријателство Франција-Северна Македонија.

На 9 и 10 декември, г-ѓа Танги ќе се обрати во рамките на проектот TAIEX на Европската Унија, чија цел е зајакнување на меѓупарламентарната соработка која придонесува за процесот на европска интеграција. Работата ќе се фокусира на воведувањето на новата методологија за проширување и на фундаменталните реформи на Европската унија, вклучувајќи го владеењето на правото и доброто економско управување.

Оваа посета сведочи за важноста и виталноста на француско-македонската парламентарна дипломатија.

Во важен момент за земјата, овие средби ќе овозможат да се разговара за перспективите на нејзината европска интеграција и за продлабочувањето на нашата соработка со цел да се постигне напредок во примената на европските вредности и стандарди.

ПРЕПОРАЧАНО