Вести

Нaградна игра на НЛБ Бaнка со Mastercard картичките

НЛБ Банка во периодот од 20.05.2021 до 30.06.2021 година организира наградна игра за сите корисници на НЛБ Mastercard дебитните и кредитните картички за физички лица (MasterCard Standard, MasterCard Light, MasterCard Gold и MasterCard haPPy). 

Во рамки на наградната игра предвидено е секојдневно да се доделуваат по 3 (три)приватни здравствени осигурувања, при што ќе бидат доделени вкупно 126 награди. Добитниците на наградата ќе имаат можност за користење на врвна здравствена заштита која овозможува бесплатни здравствени услуги во областа на дијагностика, лекување и операции во приватните здравствени установи.

Наградната игра се однесува на сите нови и постоечки корисници на НЛБ Mastercard дебитните и кредитните картички кои во периодот до 20- ти мај до 30-ти јуни ќе направат барем една безготовинска трансакција на ПОС терминал или онлајн на било кој износ.
Во рамките на кампањата
, НЛБ Mastercard кредитните картички (MasterCard Standard, MаsterCаrd Light, MаsterCаrd Gold) ќе се издаваат без членарина за првата година на користење. 

Ни причинува големо задоволство да ја најавиме оваа наградна игра каде во главен фокус ја ставивме здравствената заштита и сигурноста на нашите клиенти, која изминатиот период поради Корона кризата е примарна и од големо значење за сите нас. Ситуацијата со пандемијата ни докажа дека здравјето е најважно и за таа цел одлучивме да ги наградуваме нашите лојални клиенти со приватно здравствено осигурување - продукт кој нуди решение за целосназдравствена заштита, бидејќи полисата ги покрива трошоците за најквалитетно специјалистичко-амбулантско лекување и операции во повеќе приватни болници и поголеми дијагностички центри во државата“. - изјавија од НЛБ Банка.

Извлекувањето на наградите ќе се одвива секој ден, а добитниците ќе бидат објавувани на веб страницата на Банката: www.nlb.mk.

Повеќе информации за наградната игра може да се добијат на веб страницата www.nlb.mk, на социјалните мрежи на Банката или на телефон 02 / 15 600.        

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано