Вести

Економистите предвидуваат остар раст како опоравување од економската криза предизвикана од пандемијата

блиц свет

Глобалната економија ќе се опорави оваа година од падот предизвикан од пандемијата ковид-19 со темпо кое последен пат е забележано во 70-тите години на минатиот век. Прогнозите почиваат на информациите за засилен интензитет во повеќето големи економии кои ги идентификува анкетата на Ројтерс направена со преку 500 економисти од целиот свет. Оптимизмот на економистите во голема мера е предводен од широко очекуваното закрепнување кое е предизвикано од успешната вакцинација, но и фискалните и монетарни инјекции на ликвидност, огромната фискална поддршка − првенствено од Соединетите Американски Држави, и најмногу на континуираната адаптација на економската активност за надминување на сега придушената мобилност. „Во тек е синхронизирано глобално економско закрепнување паралелно со континуираната битка против ковид-19. Секоја економија што ја покриваме се предвидува да забележи значителен скок на годишниот просечен раст на БДП оваа година“, истакна Жанет Хенри, глобален главен економист во ХСБЦ (HSBC Bank). Пандемија минатата година ја втурна светската економија во најдлабока рецесија досега, но анкетата покажува остар скок во просек од 5,9 %, големина на раст која не била забележана уште од 70-тите години на минатиот век.

ПРЕПОРАЧАНО