Вести

Дуално образование во Витаминка

блиц Македонија

Првите ученици од Средното општинско училиште „Ристе Ристески Ричко“ – Прилеп ќе започнат со практична настава во Витаминка како дел од Програмата за дуално стручно образование. Учениците ќе бидат под менторство на двајца вработени во Витаминка кои посетуваа обука за обучувачи во компанијата Ада интернационал (Аda Internacional) и се стекнаа со сертификат од Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија. Проектот дуално образование кој се спроведува во Витаминка е според германски модел, а има цел да ѝ помогне на македонската економија преку пренесување позитивни искуства од германските компании. Координатор на проектот е Делегацијата на германското стопанство во Македонија. Суштината на овој систем е комбинирање на содржините кои се предаваат на училиште со практична обука во компанија. Со тоа на компаниите им се овозможува да вработат квалификувани работници со соодветни вештини, а учениците се обучувани од сертифицирани ментори од компаниите во простории за обуки каде што се симулираат вистински работни околности.

ПРЕПОРАЧАНО