Вести

Зошто е корисно да се претплатите на „Економија и бизнис“?

24.12.2020г.

Пандемијата предизвикана од ковид-19 ја одбележа 2020 година. Ова беше тешка година за светот на бизнисот, вклучително и за медиумскиот бизнис. Но, за разлика од некои други печатени медиуми кои не се печатеа во најголем дел од годинава, ние не запревме. Со исклучок на двата месеци со вонредна состојба и полициски час, кога одевме со електронска верзија објавена на нашата корпоративна веб-страница www.ekonomijaibiznis.mk, во остатокот од годината „Економија и бизнис“ најредовно стигаше во рацете на нашите претплатници и на продажните места, задржувајќи го својот стандардно висок квалитет на 120 страници. Без оглед на неповолните околности, тоа го сметавме за наша врвна обврска која мораме да ја исполниме.

Зошто е корисно да се претплатите на „Економија и бизнис“?

Најпрвин, можете да се потпрете на текстовите што ги читате. Ова е прашање на карактер и на чесност и е многу важно во денешното време на т.н. „лажни“ вести. Имено, за разлика од морето текстови во разни медиуми со кои сме опкружени, а кои не се потпишани или се потпишани со иницијали, авторите на текстовите во „Економија и бизнис“ се претставени со име, презиме и нивна фотографија!

Во текстовите на „Економија и бизнис“ ќе добиете врвен квалитет и релевантни сознанија што ќе ви дадат додадена вредност. Тоа не се преводи на текстови објавени некаде во странство, ниту агенциски вести. Тоа се анализи на автори кои се вистински познавачи на областите за кои пишуваат. Нивните текстови овозможуваат полесно да се разбере амбиентот во кој работите, заднината на случувањата во земјава и светот и предвидувања за можното влијание на тие случувања за иднината. Да, сè е во функција на иднината! Со тоа преку „Економија и бизнис“ добивате квалитетна платформа што ви го олеснува носењето одлуки за вашиот бизнис или вашата професионална кариера.

Понатаму, читајќи го списанието „Економија и бизнис“ ја избегнувате „бучавата“ што секојдневно ја прави дневната политика во нашево општество и можете да се посветите на суштински важните прашања. Понудените содржини се целосно ослободени од партиски агенди, што е многу важно кога се живее во земја што е многу исполитизирана. Ќе имате корист од исклучително позитивниот пристап на магазинот. Ќе имате пристап до внимателно селектирани бизнис-приказни и до добрите бизнис-практики што ги промовираме. Идентификуваме бизнис-тешкотии и нудиме можни решенија. Имате пристап и до ексклузивни интервјуа со домашни и меѓународни лидери.

Со претплатата се придружувате на ексклузивната група читатели, луѓето што носат одлуки и влијаат на јавното мислење, сопственици на бизниси и менаџери од сите сектори на економијата, претставници на државниот сектор, претставници на академската и на меѓународната заедница... Обезбедете си и вие себеси пристап до текстовите што тие ги читаат.

Направете и чекор понатаму. Имате некој во поширокото семејство што студира економија или бизнис? Или знаете некој што сака да започне бизнис или има бизнис, ама сака да го унапреди, да го направи попрофитабилен? Или знаете некој кому едноставно сакате да му овозможите пристап до квалитетни текстови што поттикнуваат интелектуален развој? Подарете им годишна претплата на „Економија и бизнис“!

И уште нешто. „Економија и бизнис“ е најстариот бизнис магазин во земјава. Во јануари 2021 година почнува 23-тата година од излегувањето на првиот број. Годините на доверба од читателите се најголемата потврда за квалитетот на тоа што го правиме.

Можете да се претплатите на неколку начини. Можете да кликнете на следниот линк https://ekonomijaibiznis.mk/Register.aspx и потоа да платите електронски со платежна картичка. Или, можете само да го пополните КУПОНОТ и да ни го испратите по пошта или скениран по e-mail. Или, можете да се јавите на некој од нашите телефонски броеви 3211-915 или 075 421 362.

Цената за претплата на печатено издание во период од 12 месеци е 1.500 денари, Во цената е вклучен ДДВ и бесплатна достава на магазинот на адреса во земјата што вие ќе ја посочите. Постои и можност за комбинирана годишна претплата (печатено издание плус пристап до електронска верзија) којашто чини 1.800 денари. Магазинот излегува еднаш месечно со исклучок на два двоброи (декември /јануари и јули/август).

ПРЕПОРАЧАНО