Вести

Подемот на агротехниката во Унгарија

20.11.2020г

Еde Kuhne, чиј татко е основач на втората најголема фабрика за челик во Германија (по Krupp), е вистинскиот пионер во производството на земјоделски машини во Унгарија. По некоја случајност, младиот стручњак за дизајн и конструкција на машини, доби понуда за работа, условен со стекнување на поголемо искуство. Така се нашол во Мошон (Moson) во работилница за поправки на машини, каде што набргу стана лидер. Во декември 1863 година, тој ја купи фабриката, каде што почнува со развој на нови иновативни производи. Најистакнати биле новите сеалки кои со  фиксни растојанија, патент на Kuhne. Фабриката на Kuhne е и прва во земјата, која во оваа индустрија користи електрична енергија. Други светски познати унгарски производи од времето се и тракторите и земјоделските машини на DUTRA (Dumper TRActor) и HOFFER (HSCS). Okolicsányi Ferenc, кој по неговото докторирање се населил во Лондон, а потоа го создал првиот електронски уред за сортирање на семиња во светот, исто така има унгарско потекло. Компанијата Gunson’s Sortex Ltd, која ја основал во тоа време, постои до денес и извезува во повеќе од 100 земји.

Унгарското производството на земјоделски машини доби нов поттик во 60-тите години на минатиот век, кога стана очигледно дека на земјоделството му се потребни помоќни машини за ефикасно производство на земјоделски култури. Во тоа време беше сериозен подвиг успехот на актерите во овој сектор, да ги убедат носителите на политичките одлуки, да започнат заеднички програми со американски или германски производители и да заменат колку што е можно повеќе компоненти на увезените машини, со домашни производи. Ова е периодот кога гумите Taurus се здобија со својата репутација, но и добиените лиценци за производство исто така го забрзаа производството на трактори и машини и многу унгарски компании станаа снабдувачи на глобалните претпријатија (RÁBA Győr, Mezőgép Solnok, Agrikon Kecskemét).

Унгарските фабрики за земјоделски машини главно произведуваат различни типови на машини за обработка на земјиштето и заштита на растенијата, како и компоненти и адаптери за машини за жнеење и берба. Последните имаат важна улога во и извозните активности.

Во моментов, машините произведени во Унгарија учествуваат само со околу 13-14 проценти во вкупното снабдување со земјоделски машини на домашниот пазар. Но, интересно е што врз основа на податоците на Унгарска асоцијација на производители на земјоделски машини (Меgosz) - и покрај увозот на пристојно количество трактори и комбајни - 80 проценти од земјоделските машини произведени во Унгарија се продаваат на извозните пазари. Најголемите домашни производители (Claas Hungária, Vogel-Noot) скоро исклучиво произведуваат за извоз. Главните продажни места на унгарските земјоделски машини се наоѓаат во Германија, Франција и Холандија. Одредени области на Блискиот и Далечниот исток исто така покажуваат голем интерес за унгарските машини, кои имаат одличен однос на цена и квалитет. За разлика од автомобилската индустрија, услугите за поддршка на корисниците по продажбата, играат многу понагласена улога во индустријата за земјоделски машини, затоа што потрошните и изабените делови мора да се обезбедат, сервисираат, а операторите на современите машини имаат потреба од специјализирани стручни обуки. Од тука, новите пазарни можности се прилично охрабрувачки.

Унгарија има релативно силна позиција на глобалниот пазар на семенски материјал. Ова се должи на поволните локални и климатски услови, потврдените традиции, технологијата без ГМО, високо квалификуваните експерти и нивниот континуиран напор во иновации. Унгарскиот извоз на семе е околу 400-450 милиони евра, што претставува 8-10 проценти од глобалната трговија со семе. Извозот на семе за сеење пченка и пченица од Унгарија е трет по големина во светот. Унгарија главно извезува во земјите од Централна и Источна Европа, но благодарение на неодамна развиените сорти толерантни на суша, на значење добиваат и азиските и африканските пазари. Повеќе децениското искуство и знаење, доведе до светска слава на повеќе истражувачки институти и корпоративни истражувачки бази - како што се ZKI Kft, Gabonakutató Kft (Szeged) или  Marton Genetics Group. Унгарски компании - на пр. KITE, Nitrogénművek - заземаат силна позиција во Европа во областа на агрохемикалии и особено во производство на вештачки ѓубрива. Годишниот извоз на унгарските агрохемиски производи е на ниво од 500-600 милиони евра.

Новите насоки на развојот се поддржани од дигиталната земјоделска стратегија, што е пионерска нова иницијатива во рамките на ЕУ. Развојот се движи од интегрирано планирање на ресурси во претпријатијата (ERP) во земјоделието и системите за контрола на процесите, до решенија со примена на роботика и технологији со беспилотни летала.

Производство на машини за земјоделство во Унгарија

Извор: Меgosz (Унгарска асоцијација на производители на земјоделски машини)

Година

Нето приходи (милијарди HUF)

Приходи од Извоз (милијарди HUF)

Процент на Извоз (%)

2010

83.8

65.9

79

2011

154.8

127.5

82

2012

162

132.6

82

2013

150

120

80

2014

134

112

83

2015

135.5

113

83

2016

136.4

114

83.3

2017

148.2

121.7

82.1

ПРЕПОРАЧАНО