Вести

Новото решение за онлајн купување на кредит до 24 рати имплементирано во веб продавницата на Анхоч

Опцијата за директна апликација за кредит при онлајн купување е отсега достапна и на веб продавницата на Анхоч. При посета на страницата www.anhoch.com, купувачите ќе можат од изберат производи и истите да ги купат на 24 рати преку наменски кредит од IuteCredit Македонија. Процедурата за онлајн купување на рати е пред сé безбедна, брза и едноставна.  

Процесот на апликација и одобрување е директно на сајтот на Анхоч, се завршува брзо во само неколку минути и се состои од само 3 чекори:

  1. Го избирате вашиот омилен производ од www.anhoch.com
  2. Се најавувате се со вашето корисничко име и лозинка
  3. Бирате опција на колку месечни рати сакате да го плаќате производот
  4. Апликацијата се процесира веднаш и добивате одговор за неколку минути.

Доколку апликацијата за кредит е одобрена, Анхоч ве контактира и ви ја доставува нарачката во предвидениот рок.

Максималниот износ за купување на производи од www.anhoch.com е до 120.000 денари, но истиот зависи од месечните приходи и вкупните обврски по кредити на потрошувачот, односно купувачот. Амортизациониот план се изготвува врз основ на еднакви месечни рати специјално изготвени со цел да се обезбеди одговорно кредитирање и навремено сервисирање на обврските по основ на кредитот. Може да аплицираат вработени лица, пензионери до 75 години, лица кои работат хонорарно, со договор на дело, авторски договор или самовработени.

Уживајте во безбеден онлајн шопинг и плаќајте на рати!

ПРЕПОРАЧАНО