Lifestyle

НОВ ЗАОБЛЕН 35-ИНЧЕН МОНИТОР ОД КОМПАНИЈАТА BENQ

 

 

 

Компанијата BenQ наскоро ќе го пушти во продажба новиот монитор наменет за играње компјутерски игри. Станува збор за моделот XR3501 што, меѓу другото, е заоблен и е со големина од 35 инчи.

Мониторот ќе биде со резолуција од 2560 х 1080 пиксела придружена со однос 21:9. Ќе работи со брзина од 144 Hz, додека брзината на одѕивот на екранот ќе биде 4 ms. 

Осветлувањето на овој монитор ќе биде 300 cd/m2, додека контрастот ќе биде 2000:1. Аголот за гледање ќе биде 178 степени (хоризонтално и вертикално).

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано