Финансии / Банкарство

СВЕТСКАТА ЕКОНОМИЈА ВЛЕГУВА ВО ПОЗИТИВЕН ЦИКЛУС

блиц свет

Светската банка прогнозираше раст на глобалната економија од 3,1 % оваа година, што претставува највисока прогноза за економскиот раст во изминативе седум години. За развиените економии Банката предвидува просечен раст од 2,2 %, додека за економии во развој и т.н. растечки пазари банката проектира раст од 4,5 %. Во извештајот Банката наведува дека очекува растот да се одржи и во наредните неколку години, а за економиите во развој и растечките пазари Банката очекува зголемување на растот на 4,7 проценти, најмногу поради стабилизација на извозната компонента. По региони, Банката највисок раст предвидува за регонот на Јужна Азија со 6,9 % раст, што претставува зголемување за 0,4 процентни поени од растот во 2017 година; иако со пад од 0,2 процентни поени Банката како втор највисок раст го предвидува растот за регионот на Источна Азија и на Пацификот од 6,2 проценти; по нив следуваа двата африкански региони, но и европскиот заедно со Централна Азија со околу 3 % раст; за регионот на Латинска Америка Банката има прогноза за најмал раст од 2 %. 

ПРЕПОРАЧАНО