Финансии / Банкарство

Што очекувате од 2018 година? Неби Хоџа: БУЏЕТОТ ЗА РАМНОМЕРЕН РЕГИОНАЛЕН РАЗВОЈ ТРЕБА ДА СЕ ЗГОЛЕМИ ВО ИДНИТЕ ГОДИНИ

Претседател на СКСЗМ

Најважно од проекциите се очекувањата кои за 2018 година се позитивни и сметаме дека ќе се одразат на економскиот раст кој е проектиран на 3,2 %. Нареднава година секако дека ќе биде тешка година бидејќи временските задоцнувања на некои процеси дури сега ќе почнат да се одразуваат. Стопанството има големи очекувања од Владата бидејќи првите 6 месеци ги остави за да се организираат внатрешно, но секако дека 2018 година ќе биде многу погласна и поактивна ако не се држат до ветеното. Позитивно ќе се одрази и субвенционирањето од 1.1 милијарди денари за домашните компании што не било пракса досега, иако има слабости во програмата, но сепак е многу добар почеток и на новата влада. Исто така сметаме дека 1 % од буџетот кои се насочени за рамноправен регионален развој е добар почеток за оваа цел, но сепак сметаме дека буџетот за рамномерен регионален развој треба да се зголеми во идниве години.

ПРЕПОРАЧАНО