Page 4 - biznis dijagnostika 2del
P. 4

БИЗНИС ДИЈАГНОСТИКА




         Бизнис дијагностиката во подобрување на лидерството и на организациската култура кај МСП


                             ВО МАКЕДОНСКИТЕ КОМПАНИИ СЕ
                               ПОЈАВУВА НОВ ТИП ЛИДЕРСТВО


           Како  може  бизнис-дијаг-                                          ственикот  или  сопственичката.
        ностиката да помогне во подоб-                                        Тоа  е  природно  во  почетокот
        рување на лидерските вештини                                          бидејќи  токму  нивната  визија  и
        и  генерално  во  намалувањето                                        енергија ја движат компанијата.
        на  отпорот  кон  промени  и  од                                      Меѓутоа,  кога  бизнисот  расте
        самите вработени?                                                     овој  модел  станува  ограничу-
                                                                              вачки.  Често  гледаме  компании
           Бизнис-дијагностиката  е  пр-                                      каде  што  сите  одлуки  минуваат
        виот  чекор  во  подобрувањето                                        низ еден човек, па тимовите ста-
        на организациското функциони-                                         нуваат зависни, а процесите за-
        рање и на бизнисот во целост. Таа                                     бавуваат. Кога се воспоставуваат
        претставува  сеопфатен  преглед     Лазар Ѓуров и Мирјана Ѓорѓиевска   различни  нивоа  на  одговорност
        на компанијата низ сите клучни       Ѓуров, Институт СИМБИОТИКА       организацијата  почнува  да  рас-
        аспекти: финансиски, оператив-                                        те  многу  побрзо.  Генерациската
        ни, структурни и културни. Пре-                                       смена  е  особено  чувствителен
        ку комбинација на проверени методи и алатки како   момент. Во голем дел од семејните компании сè уште
        SWOT-анализа,  интервјуа,  анализа  на  процеси,  360°   нема структуриран план кога и како новата генера-
        повратни информации и споредбени анализи, се до-   ција ќе преземе. Има примери кога новата генерација
        бива јасна слика за реалната состојба и се предлагаат   е  подготвена,  но  не  добива  простор,  или  обратно,
        насоки за унапредување. Кога компанијата ќе ги види   презема позиција предвреме. Успешните примери се
        овие механизми отпорот кон промени значително се   токму оние каде што постои постепен пренос на од-
        намалува бидејќи станува јасно дека целта е подобра   говорност, на менторство и на јасна поделба на уло-
        работа за сите, а не критика на бизнисот.          гите меѓу генерациите. Особено позитивен ефект има
                                                           кога процесот е поддржан од надворешни експерти
           Низ  транзицијата  компаниите  беа  водени  од   или бизнис-советници, кои помагаат во поставување
        „социјалистички директори“ кои се прилагодуваа     структури, воспоставување доверба и креирање план
        на пазарната економија. Дали овој процес е заокру-  за долгорочна одржливост на компанијата.
        жен и имаме ли нов модел на бизнис-лидери?
                                                              Колку во компаниите се посветува внимание на
           Во изминативе децении, компаниите поминаа низ   подобрување на лидерските вештини од највисоко-
        голема трансформација: од наследени модели на уп-  то, но и од средното ниво на раководители?
        равување до постепено усвојување на принципите на
        современо управување. Сметаме дека транзицискиот      Во однос на лидерските вештини, сè повеќе ком-
        процес сè уште не е целосно заокружен, но се појаву-  пании сфаќаат дека тие не се „луксуз“, туку предуслов
        ва нов тип лидерство. Тука спаѓаат луѓе што свесно   за здрав систем. Се инвестира во развојот на раковод-
        градат организациска култура, се поврзуваат, делеги-  ството, но и понатаму има голем простор за работа,
        раат, создаваат услови за развој на тимот и сè повеќе   особено  во  средното  ниво  на  раководење  каде  што
        ја  сфаќаат  својата  улога  како  амбасадори  на  добра   најчесто се губи поврзаноста меѓу тимовите и стра-
        работна средина.                                   тешките цели. За да се надмине ова потребна е сис-
                                                           темска поддршка: континуиран развој на раководни-
           Големиот број на МСП во Македонија се почнати   те лица, подобра интеграција меѓу секторите, подобро
        како мали семејни бизниси кои  зависат од одлуки-  структурирани процеси. Бизнис дијагностиката е пр-
        те на еден човек. Колку овој начин на управување   виот чекор кон тоа: таа создава основа за јасни прио-
        е во функција на натамошен раст на компанијата?    ритети и конкретен план за развој. Ако компанијата
                                                           сака да знае каде точно се наоѓа и каде вреди да вло-
           Кај малите и средните претпријатија, управување-  жи напор, тогаш вистинскиот момент за дијагностика
        то најчесто е концентрирано околу еден човек − соп-  е токму сега.

    20                           15 ноември 2025
   1   2   3   4   5