Page 87 - Ekonomija i Biznis_oktomvri 2016.indd
P. 87

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

                                                                                                                                                                                      bsi. ISO                                                                                                                                                                                                                                                                                                         1g9o2d2 i- n20i16
                                                                                                                                                                                                                                                                                                                            9001
                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                           Quality     МАР - Македонска Асоцијација на Рударството
                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                           Management

          СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈАFS549642

                                            Osnovana 1922

           ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

                                            Founded 1922

ЗАЛАГАЊЕ ЗА ПОГОЛЕМО ПРОИЗВОДСТВО НА
НЕМЕТАЛНИТЕ ПРОИЗВОДИ

Според статистичките податоци за 2015 година, во
секторот рударството и вадење камен активни се 173
компании, кои учествуваат со 10,1% во структурата на
индустриското производство, додека кај преработката
на неметални минерали активни се 332 компании.
Вкупниот број на вработените изнесува околу 12.600
работници.

БДП во рударството бележи континуиран раст,
почнувајќи од 2005 година, кога со постепеното
рестартирање на рудниците за метали, „Бучим“, „Саса“,
како и „Тораница“ и „Злетово“, и од тогашни 0,5%
учеството на БДП во 2015 година веќе е двојно зголемено. Но, сега со повторното рестартирање на
„Злетово“ и „Тораница“, како и други нови рудници, се очекува и поголемо производство, а со тоа и
зголемување на учеството БДП на рударството.

Индустриското производство за седумте месеци од 2016 година, споредено со истите месеци од 2015
година бележи намалување за 9,1%, при што треба да се спомене дека затварањето на двата рудника за
олово и цинк имаат свое влијание на вкупниот процент. Намалување на индустриското производство
има и кај експлоатацијата на други руди и камен за 6,8%, на пример кај мермерите и други минерали,
додека кај производството на неметални производи има зголемување од 17,7% за анализираниот
период.

Во 2015 година, остварен е вкупен извоз од околу 155 милиони долари во секторот рударство, со учество
од околу 3,4% во вкупниот извоз на земјата, додека во истиот период увозот во секторот рударство,
изнесува околу 115 милиони долари, со учество од околу 1,6% во вкупниот увоз. Кај производството на
нематални минерали извозот изнесува 51милион долари и има 1,1% во вкупниот извоз, додека увозот
изнесува 295 милиони долари со учество од 4,6% во вкупниот увоз.

За седумте месеци од 2016 година остварен е извоз од околу 100 милиони долари, кој учествува во
вкупниот извоз на земјата со 3,7%, а увозот е повеќе од двојно поголем односно 227 милиони долари и
неговото учество е 5,95%.

Извозот најчесто се остварува во Бугарија, каде се пласира бакарен, оловен и цинков концентрат, потоа
во Косово, Србија, Грција, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, при што се извезуваа
мермерни блокови и мермерни плочи, керамички тули и керамиди, огноотпорни тули, фелспад и друго.

Увозот најчесто се реализира од истите земји од Регионот, Албанија, Србија, Косово, Грција, Бугарија,
Италија и други земји. Најчесто се увезуваат производи кои не се произведуваат во нашата земја (флоат
стаклото, каолин глини, камена волна), но и производи кои се произведуваат во земјата (портланд
цемент, огноотпорни тули и малтери, камена волна и друго).

Експлоатација се врши на 378 локации во земјата за сите видови на суровини, додека деталните
истражувања се вршат на 34 локации од кои 13 локации се за метали.

Македонската асоцијација на рударство – МАР, се залага во наредниот период во рамките на
програмите на Владата, посебно внимание да се посвети на развојот на преработката и производството
на неметалните минерали и зголемување на асортиманот на производи, бидејќи суровини со кои
располага нашата земја се добра основа за нивно производство, наменето за домашниот и странските
пазари.

Марија Петроска, самостоен советник, Македонска асоцијација на рударството - МАР

                                                      October 2016                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                  87
   82   83   84   85   86   87   88   89   90   91   92