Page 74 - maj 2020
P. 74

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА















                             „ВИСТИНСКИ“ ЧЕКОРИ

                    ЗА СПРАВУВАЊЕ СО КРИЗАТА



                                 Почитувани,
                                    Изминатиов период нè натера сите на преземање чекори кои не се стандардни и
                                  целосно ефикасни, но се чекор плус во потребата за минимизирање на негативните
                                   ефекти од кризата која нè зафати сериозно. Со сите промени на дневна основа, се
                                   наоѓаат начини како да се надминат дел од проблемите кои ги мачат фирмите и кои
                                    неминовно ќе бидат погодени, за која цел и Комората го промени начинот на своето
                                       работење во услови на криза. Се формираше Кризен штаб кој заедно со Стручната
                                        служба на Комората целосно се ставени во функција да им
                                        помогнат на компаниите, во наоѓањето одговори и решенија
                                       за нивните потреби или конкретни барања, а преку анкети
                                      меѓу членството дојде и до концепирање на предлог-економски
                                      мерки за поддршка на приватниот сектор како одговор на за-
                                      бавувањето на економијата предизвикано од корона вирусот.
                                         Во овој број ве информираме за видувањата и состојбите
                                       во некои од секторите, како градежништвото, текстилната
                                        и кожарската индустрија. Но вклучивме и информација за
                                        проектните активности на Комората за креирање алатки и  Билјана Пеева-Ѓуриќ,
                                         услуги кои ќе ги поттикнат растот, иновативноста, извозните  в. д. извршен директор
                                         капацитети  и  конкурентноста  на  компаниите  дури  и  во  на Стопанската комора
                                         услови на криза, како што е актуелнава. Известуваме и за  на Македонија
                                          преземените дигитални процеси во Комората за организирање на „онлајн“-
                                          обуки, а издвојуваме и неколку примери на компании кои даваат поддршка
                                           на државата преку своето општествено одговорно делување на терен.
                                              Преку работата на Кризниот штаб формиран во Комората, анкетните истра-
                                           жувања спроведени меѓу компаниите и континуираните консултации со сите
                                            сектори, се даваат јасни укажувања на сериозни поместувања во обемот на
                                            производството, пад на прометот, извозот, откажување на дел од договорените
                                             аранжмани за работа, проблеми со ликвидноста, кои сигурно нема да завршат
                                             во вториот квартал од годината. Повторно, Стопанската комора на Македонија
                                             ќе излезе со свој став за очекувањата на бизнисот од државата, предлози на
                                              кој начин, со колку средства, во кои рокови и во кои сектори ќе треба да се
                                              интервенира, а нема да се запостават и темите кои веќе се наметнаа како
                                               потреба за бизнисот, како што се нафтоводот, железницата, промената на
                                               царинските стапки, парафискалните давачки...

         НЕПРЕКИНАТИ ИНВЕСТИЦИСКИ АКТИВНОСТИ И ВО ВРЕМЕ НА КРИЗА
                          60 години од постоењето и непрекинато работење „МИК“ - Свети Николе го одбележува
                        со  инвестиција  од  околу  1  милион  евра  во  фотоволтаична  централа  со  ангажирана
                        моќност од 610 kw, од 2.160 панели поставени на кровната површина на објектот. Направена
                        е и замена на 90% од разладните уреди со нови енергетски поефикасни и штедливи за комплетниот ка-
                        пацитет на комори и разладни простории на „МИК“ од над 10.000 м2.
                          Со проектот ќе се подобри енергетската ефикасност, ќе се намали јаглеродниот ефект, а се работи и
         Гоце Трајчев,   на добивање на европски извознички број, кој дава нови можности и перспективи во идното работење.
         „МИК“- Свети Николе,   Очекуваме и апелираме и нашите законодавни и извршни органи да ги усогласат економските, без-
         членка на Здружението  бедносните и царинските прописи со европските, од кои сакаме и ние да бидеме дел, но да започнеме
         на земјоделството   веднаш  и  сега,  уште  во  претпристапниот  период,  со  цел  отворање  на  патот  за  влез  и  настап  на
         и прехранбената   македонски производи и услуги на пазарите во земјите на ЕУ, согласно европските услови и стандарди
         индустрија     на стопанисување и исполнување на критериумите.


    74                           мај 2020
   69   70   71   72   73   74   75   76   77   78   79