Page 109 - maj 2020
P. 109

ОПШТЕСТВО





                                                           време
























                  во контекст кој е заматен од актуелните проблеми, креаторите се запрашаа за значењето на времето
               во модата. Како одговор на френетичниот потрошувачки ритам, со обврска за движење кон една одго-
               ворна и одржлива мода, тие одбраа да се поврзат со есенцијалните вредности. модната индустрија носи
               огромна заработувачка, но за жал е и еден од најголемите загадувачи на планетава. со цел да се сочу-
               ваат природните ресурси на планетава, преку примена на циркуларна економија и фер трговија, сите
               заедно ќе мораме внимателно и рационално да го редефинираме нашиот начин на произведување, но и
               купување. Па така, историски и винтиџ референци нѐ враќаат во искуствата од минатото за подобро да
               ја интерпретираме и обликуваме иднината. Притоа, вкрстувајќи ги иднината и минатото, креаторите не
               даваат буквална интерпретација, туку даваат нов здив, нова инспирација.


                                                          сПоКоЈ
























                  Како топла прегратка, мека форма, нежна светлина, ова е тенденција родена од желбата за едностав-
               ност и здрава околина. оваа тема ќе биде поврзана со силна потреба за мир, удобност, минимализам, со
               акцент на нежни тонови.
                  и покрај загриженоста и стресот, секогаш можеме одново да собереме сили и да се потпреме на наши-
               от оптимизам и пасија за комфор и убави нешта, да го заборавиме чувството на вина, да се препуштиме
               на уживањето, да го сочуваме и едноставно да го сакаме тоа што е добро за нас. Консеквентно, тука од
               круцијална важност е да се опкружиме со едноставна, базична класика, симплифицирана до екстрем, за
               да се заштитиме под стреа од хаосот надвор и да размислиме како понатаму.

                                                                                  мај 2020                        109
   104   105   106   107   108   109   110   111   112   113   114