Page 108 - maj 2020
P. 108
ОПШТЕСТВО
Лидија Георгиева
авторот е дизајнер,
редовен професор
MOДАТА ВО 2021 ГОДИНА
Прв дел – За тенденциите кои доаѓаат
што би било кога би било или како ќе изгледаше нашата 2020 година ако не се случе-
ше интрузија во нашите животи која ги наруши сите планови?
но, сега поважно е прашањето како ќе изгледа нашата 2021 година?
Предвидувањата се неопходен дел од работата во модната индустрија. идните трендо-
ви или тенденции се синтетизираат и се презентираат на клиентите во форма на ам-
биентални видеа, инсталации, цртежи и тренд/книги (поточно трендбукови). сето ова
се изработува со максимално естетски пристап и чини доста скапо. најчесто се кон-
ципира во посебни тренд/стил агенции за таа намена – bureau de style на француски
или trend forecasting agency на англиски. секако, доколку се работи за големи буџети
и инвестиции тука се инволвирани врвни светски реномирани агенции со искусни ди-
зајнери/прогнозери (таканаречени тренд форкастери). тука ќе напоменам дека имав
можност и задоволство седум години да работам како тренд форкастер за јапонски
клиенти, а воедно и дизајнирав разновидни колекции за нив. овие професии се многу
ретки во нашава земја, засега не постои соодветен превод за ниеден од овие термини,
иако на интернационално ниво се користат редовно.
Проектирањето во иднината на интуитивно ниво е предизвик во кој е потребно да се
повикаш на искуството, чувството од стомак, креативноста, тоа е најсофистицираниот
дел од оваа работа. во моментов познати тренд прогнозери (форкастери) и светски
експерти интензивно размислуваат за актуелната состојба и ги предвидуваат скршну-
вањата на пазарот за да можат да одговорат на новите навики и потреби.
Како ќе изгледа модната индустрија никој не може со сигурност да предвиди, некои
веќе профитираат, но сигурно е дека за некои ќе има помалку профит, а повеќе одго-
ворно производство.
Кои се првите индикатори? тука, а воедно и со текстот во следниот број, ќе се обидам
да дадам дел од одговорите.
во овој неочекуван развој на настаните постепено се појавуваат контурите на новите
тенденции.
108 мај 2020

