Page 15 - mart 2020
P. 15
кВАРтАлеН екОНОмСкИ мОНИтОР – ПРОекцИИ кВ.4 2019 г
график 4: туризам, годишна промена
Туризам: Како што може да се види од графиконот 4, туризмот во
четвртиот квартал од 2019 година забележува висока стапка на
раст. Притоа растот на бројот на туристи изнесува 15 %, додека
растот на ноќевања забележува солиден раст од 8 %. Ваквите
движења, надополнети со растот на прометот во угостителство-
то, упатуваат на можност придонесот на туризмот во растот на
бДП да биде позитивен во четвртиот квартал од 2019 година.
Извор: Државен завод за статистика
график 5: Извоз и увоз, годишнa стапка на раст
Расходна страна:
Надворешно-трговска размена: Извозот на стоки во четвртиот
квартал од 2019 година забележа раст од скромни 0,5 %, додека
увозот на стоки забележа релативно висока стапка на раст од
7,3 %. Слични се и движењата кај количинските износи. Земајќи
ги предвид ваквите движења се очекува негативен придонес на
нето-извозот врз растот на бДП во четвртиот квартал од 2019 го-
дина.
Извор: Државен завод за статистика
график 6: кредити на приватен сектор,
годишна промена Лична потрошувачка: Кредитирањето на приватниот сектор во
четвртиот квартал од 2019 година продолжи да расте, но со за-
бавено темпо. Така растот во анализираниов период изнесуваше
6 %, што претставува забавување во однос на првата половина
од 2019 година. Порастот на просечната плата, како и растот на
бруто-приходите по основ на ДДВ упатува на позитивен придо-
нес на личната потрошувачка врз растот на бДП.
Бруто-инвестиции: растот на бруто-инвестициите се очекува да
забави во четвртиот квартал од 2019 година. Високиот раст на
увоз на машини и опрема, кој беше карактеристичен за претход-
ните квартали, веќе се намалува, додека исто така се намалуваат
и извршените градежни работи. надолен ризик претставува ни-
ското ниво на капитални инвестиции реализирани во централ-
ниот буџет.
Извор: Државен завод за статистика
март 2020 15

