Page 14 - mart 2020
P. 14
кВАРтАлеН екОНОмСкИ мОНИтОР – ПРОекцИИ кВ.4 2019 г
Македонија 2025 прогнозира: Растот на БДП во КВ.4 2019 г. ќе биде меѓу 1,0 % и 3,0 %
Според последните високофреквентни индикатори и досега расположливите податоци,
предвидуваме умерено забавување на економскиот раст во четвртиот квартал од 2019
година.
Проекцијата се должи на следниве економски движења во четвртиот квартал од 2019 г.:
Производна страна: график 1: Индустриско производство,
Индустриско производство: Индустриското производство забе- годишна стапка на раст
лежа негативна стапка на раст од 1,3 % во четвртиот квартал од
2019 година, што претставува негативен импулс за растот на бДП
во анализираниов период. негативната стапка на раст укажува
дека забавувањето на германската економија веќе се забележу-
ва и кај податоците за индустриското производство во република
Македонија. Подеталната анализа укажува дека покрај автомо-
билската индустрија, негативни стапки на раст забележува и
прехранбената индустрија, но и рударството. ризиците кај ин-
дустриското производство се сѐ уште присутни имајќи го пред-
вид умереното забавување на глобалната економија, а особено
забавувањето кај нашиот најголем трговски партнер Германија.
негативни ефекти се очекуваат и од економската состојба во
Кина предизвикана од епидемијата на вирусот КоВИД-19.
Податоците за индустриското производство укажуваат дека ин-
дустријата ќе има умерен негативен придонес во растот на бДП
во четвртиот квартал од 2019 година. Извор: Државен завод за статистика
график 2: трговија, годишни промени
Трговија: Како што може да се види од графиконот 2, трговијата
и понатаму бележи високи стапки на раст и во четвртиот квартал
од 2019 година, поддржана од порастот на вработеноста, како и
порастот на просечната исплатена плата во република Македо-
нија. Движењата се во согласност со податоците во буџетот каде
што се забележуваат повисоки приливи од наплата на данокот
на додадена вредност. Притоа ваквите движења во најголем дел
се резултат на растот на трговијата на големо, додека трговијата
на мало и трговијата со моторни возила забележаа пониски стап-
ки на раст. Движењата кај трговијата ќе имаат силен позитивен
придонес во растот на бДП.
Извор: Државен завод за статистика
график 3: Извршени градежни работи,
годишна стапка на раст
Градежништво: Извршените градежни работи во периодот ок-
томври–ноември 2019 година забележаа намалување од 1 %. И
покрај заложбите на Владата, ниското ниво на капитални инвес-
тиции кои се реализираат во буџетот имаат своја рефлексија и
врз градежништвото – дејност која е најсилно погодена со не-
достаток на работна сила. Ваквите податоци упатуваат на неу-
трален придонес на градежништвото во растот на бДП.
Извор: Државен завод за статистика
14 март 2020

