Page 40 - Elektronsko izdanie, april 2020
P. 40

РУБРИкА




































        (фото: https://etradeforall.org/)

        е-ТРГОВИЈАТА, мАлИТе пРАТкИ И

        пРеДИзВИцИТе зА цАРИНАТА И


        зА ОпШТеСТВОТО





                            Млад човек што чека на автобуска станица се занимава со неговиот паметен
                            телефон.  Пред  да  пристигне  автобусот,  тој  нарачува  нова  памучна  блуза
                            преку интернет-платформите за прекугранична е-трговија, со само неколку
                            клика. До него средовечна жена чита книга што ја има добиено преку пошта од
                            пријател од странство. Истовремено двајцата се качуваат на ист автобус.
                            Тие се движат кон исто одредиште.
        Златко Ветеровски   Да претпоставиме дека никој од двата патника не е свесен дека во заднината

        царинска управа     на  овие  испораки  на  стоки  постои  механизам  на  меѓународна  испорака  на
        на рСМ              стоки во која се вклучени низа царински и гранични службеници, логистичари
                            и други даватели на услуги. Тие се како делови што се поврзани во „локалниот
                            автобус“  што  се  движат  во  иста  насока.  Тие  делови  претставуваат
                            олеснување, сигурност, безбедност и приходи. Царината и другите агенции
                            во оваа постапка разменуваат податоци, пораки, се поврзуваат со одредени
                            бази на податоци. Во процесот на прекуграничната е-трговија потребни се
                            низа активности со цел да се провери вредноста на стоката и износот на
        Офелија Бајо        трансакцијата,  проверка  дали  производот  е  фалсификуван,  дали  подлежи
                            на  одредени  забрани  и  ограничувања.  Сето  ова  треба  да  биде  завршено  во
        царинска управа
        на рСМ              релативно кратко време во ерата на е-трговија.



    40                           април 2020
   35   36   37   38   39   40   41   42   43   44   45