Page 117 - Elektronsko izdanie, april 2020
P. 117
РУБРИкА
осоговски“ кај крива паланка, „св. богородица“ во
ново село кај штип, „св. пантелејмон“ во велес...
но, овој крај не е познат само по солунска глава
и природните убавини. крајот крие тајни од една од
најинтересните појави на средновековното минато
на нашите простори. бабуни, богомила, река бабу-
на..., називи кои го потврдуваат тоа. импресиониран
од „пламените проповеди на таквија лугје“, богоми-
лите биле предмет на интерес и на коста апостолов
солев рацин, па за богомилите ќе ги остави и ста-
тиите „богомилите, кратка расправиа от историата
македонска“ од 1939 година, „селското движење на
богомилите во средниот век“ од 1939 година и „дра-
говитските богомили“ објавена постхумно.
од учењето на богомилите треба да се издвои
нивното непочитување на крстот, на причеста, твр-
дењето дека исус христос е роден од обична жена,
непочитувањето на иконите, непризнавањето на
крштевањето, спротивставувањето на раскошот, не-
признавањето на црковниот ред и феудалците..., за-
лагајќи се и потенцирајќи ја најмногу слободата на
совеста и на човекот, еднаквоста, рамноправноста и
социјалната правда. богомилството ќе се рашири не
само на балканскиот полустров туку и во италија,
централна европа, па сѐ до шпанија.
богомилството од верска опозициска секта пре-
раснува во социјално-реформаторско движење.
спротивно на официјалното христијанство кое е во
функција и на заштита на феудалната аристократија
во тој период, богомилството ќе никне од народот и
ќе изврши сериозна мобилизиција против феудално-
то поробување. Затоа и пресметката ќе биде сурова.
рацин ќе потенцира дека богомилството ќе одигра и
многу позначајно влијание во македонската народна
култура и народен фолклор отколку православието.
секако, за повеќе сознанија за ова интересно
движење задолжително треба да се консултираат
делата од рацин. едно е сигурно, тоа е еден од нај-
мистичните периоди кому, за жал, не му е посветено
потребното внимание.
Александар Матески
април 2020 117

