Page 118 - Elektronsko izdanie, april 2020
P. 118
ГеРмАНСкА НАГРАДА зА ДИзАЈН зА
мАкеДОНСкИОТ БРеНД Завар ДиЗајн
Во организација на Германскиот совет за дизајн (German Design Council),
на 7 февруари годинава во Франкфурт се одржа свечената церемонија за
доделување на престижните награди од областа на дизајнот – Германска
награда за дизајн (German Design Awards). Германскиот совет за дизајн е
формиран во 1953 година по иницијатива на германскиот Бундестаг со цел
да се генерира додадена вредност на брендовите преку дизајн. наградата се
доделува на проекти кои се пионерски примери во интернационалниот дизајн
пејзаж, што е загарантирано од интернационалното жири.
Годинава македонскиот бренд Завар Дизајн се здоби со титулата победник на
Германската награда за дизајн 2020 за исклучителен производ во категоријата
енергија (Excellent Product Design).
колекцијата радијатори капка (Drop), потпишана од македонската дизајнерка
јана ацевска и тимот на Завар Дизајн, влезе по третпат во интернационалното
дизајн семејство.
Според евалуацијата на жири-комисијата, „радијаторите се прикачени на
ѕидот како уметнички дела, што ги прави екстремно привлечни и впечатливи –
интересен дизајнерски пристап кој го претставува концептот на греење на нов
и, пред сѐ, невообичаен начин“.

