Page 3 - UNDP15 april
P. 3
ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
НАВИГАЦИЈА ЗА ИДНИНАТА
Градовите и заедниците се место за размена и за синергија на идеи, места каде
што се мешаат методите на старата школа со најсовремената технологија. А ние како
УНДП сме токму таму за да го поддржиме локалниот раст со добро прилагодени
политики за секоја општина и обмислување и спроведување на дигитални и паметни
решенија со главна цел да се помогнат општините при давањето побрзи и подобри
услуги на граѓаните.
Тоа е една од нашите примарни цели. Соработка со националните институции,
како на пример со Управата за јавни приходи, е со цел да се воспостават цврсти
финансиски системи кои ќе им овозможат на локалните власти подобро да се спра-
ват со проблемите и да обезбедат ефикасни и брзи услуги за граѓаните, особено во
кризни периоди.
Армен Григорјан, Ќе дадам еден успешен пример. Во времето на пандемијата ковид-19 ја развивме
Постојан претставник платформата ЛОГЕС во 24 општини, меѓу кои Велес, Демир Капија, Радовиш и дру-
на УНДП во Северна ги. Во финална фаза е имплементацијата на овој систем во Кисела Вода, Аеродром,
Македонија Гостивар, а иницијативата е на почеток и во Град Скопје. Се работи за над 30 услуги
битни за граѓаните, за бизнис-секторот, при поднесување апликации, барања, до-
бивање дозволи, елаборати, промена на лични документи, место на живеење и така
натаму по електронски пат.
Ние сме посветени да им помагаме на локалните самоуправи да ги подобрат механизмите и капаци-
тетите за генерирање приходи и ефикасно остварување на надлежностите, поттикнувајќи го локалниот
економски развој.
Во извршувањето на оваа наша мисија, ние не сме сами. Во овој процес се вклучени националните и
локалните власти, непрофитни организации, бизнис-секторот, науката.
Сакам да посочам дека локалните самоуправи се клучни и во постигнувањето на целите за одржлив
развој. Тие се одговорни за 65 проценти од целите за одржлив развој и за над 36 проценти од сите јавни
инвестиции. Општините се тие што поттикнуваат иновативни пристапи за обезбедување на јавни услуги,
особено во напорите за закрепнување по пандемијата со ковид-19 и справувањето со предизвиците на
мобилноста на луѓето, особено при конфликти и миграција во време на кризи.
И не се работи само за едноставно штиклирање дека задачите се остварени. Во духот на Агендата 2030
можам да кажам дека локалните самоуправи го ревитализираат општествениот договор преку поттикну-
вање на поголема партиципација на граѓаните и транспарентност, како и промовирање и спроведување
на родово одговорен и правичен пристап. Како дел од поширокиот регион на Југоисточна Азија, нашата
канцеларија активно промовира размена на знаења, на искуства и на наука меѓу нашите колеги. Отвора-
ме простор и ја олеснуваме размената на искуства меѓу различни земји кои се соочуваат со слични или
исти предизвици, учиме едни од други и правиме размена на информации за тоа што функционира, а што
не во справувањето со локалните прашања.
Затоа можам слободно да кажам дека преку нашите заеднички напори и партнерства, како УНДП, ние
ги јакнеме заедниците и создаваме трајни позитивни влијанија низ земјава и пошироко.
ните и локалните власти тесно соработуваат, грама за одржлив локален развој и децентра-
тие се поспособни да одговорат на потребите лизација 2021−2026 година и спроведување
на граѓаните. Тоа значи подобрени услуги, на на препораките од Извештајот за напредокот
пример, во образованието, во транспортот, на ЕУ, потребна е итна акција за подобрување
во комуналните услуги, што го прави животот на нормативната и на финансиската рамка.
подобар за сите. Како резултат на тоа, граѓа- Успехот во тоа, во голема мера зависи од спо-
ните чувствуваат и гледаат реални подоб- собноста на двете нивоа на власт да усвојат
рувања во нивниот секојдневен живот, како заеднички пристап и да работат заедно во
подобар пристап до основните услуги и подо- иста насока кон одржлива децентрализација.
брен животен стандард.
Ресорните министерства играат клучна Инклузивна диги-
улога во промовирањето на децентрализа- 4тализација
цијата преку развивање соодветни и ефи- Локалните власти ја
касни национални политики и регулативи за прифатија дигиталната
децентрализација и зајакнување на локални- трансформација и покрај
те капацитети за преземање одговорност за предизвиците поврзани
новите функции. Дури и во случаи кога одго- со ограничената ИТ-ин-
ворностите се децентрализирани од страна фраструктура и ограничениот персонал.
на Владата, таа сè уште задржува значајни Заедничките иницијативи, особено преку
функции за креирање политики и надзор. За меѓуопштинска соработка и воведување-
ефикасно спроведување на владината Про- то на решенија како платформата LoGeS на
40 15 април 2024

