Page 7 - komora 15 april 2025
P. 7
БИЗНИС
Тој е проректор за инвестиции, развој и одржување на Економскиот факултет на УГД,
Штип, и претседател на Клубот на извозници при Стопанската комора. Докторирал на
Економскиот факултет на УКИМ, Скопје. Кариера ја започнал како помлад асистент, а по-
тоа асистент на група предмети од областа на економската теорија и применетата еконо-
мија. Во 2014 година е избран за доцент, а во 2019 година за вонреден професор во обла-
ста економија. За редовен професор на Економскиот факултет е избран во 2024 година.
„Сведоци сме дека во изминатиов период Македонија заостануваше во делот на
градење на таков иновациски екосистем на поврзување на науката со бизнисот, а
бизнисот има потреба од науката, од решавање на одредени проблеми во производ-
Дарко Лазаров ството и во другите деловни процеси базирани на научни сознанија и на факти. Во на-
редниов период, таа структурна трансформација на македонската економија и прена-
сочување кон сектори со поголема додадена вредност, кон производство на нови производи и услуги,
мора да биде со активна вклученост на науката и на научно-истражувачките аспекти.“
Тој е член на Управниот одбор на „НЛБ Група“, Љубљана, Словенија, од-
говорен за управување на „НЛБ Групата“ за плаќања и иновации. Магистри-
рал на ИЕЦД Школата за манаџмент во Блед, Словенија, со титула магистер
по менаџмент. Професионалната кариера ја гради во „НЛБ Банка“ АД Ско-
пје, работејќи на повеќе позиции и кариерно напредувал до претседател на
Управниот одбор и главен извршен директор на НЛБ Банка Скопје.
Од 2018 до 2023 година бил потпретседател на Стопанската комора.
„Дигитализацијата е неминовна и треба што побрзо да се оди на ди-
гитализација, и тоа: дигитализација на бизнисот и дигитализација на
Антонио Аргир администрацијата. Преку дигитализацијата гледам спас и во сузбивање
на корупцијата и во сузбивање на сивата економија. Со дигитализација на
услугите и со дигитализација на плаќањата се сузбиваат можностите за сива економија и за корупција
кои се рак-рана на општествово.“
Таа е доверлив советник за стратешки вработувања на високи позиции во одбори и
во извршното раководство на консултантското претпријатие „Корн Фери“ во Брисел. Ма-
гистрирала на Католичкиот универзитет во Лувен, Белгија. Кариерата ја започнала како
истражувачки аналитичар во компанија за истражување каде што стасала до оперативен
директор. Во фирмата „Ерик Салмон и партнерите“ била менаџер за ангажман. Од 2022
до 2024 година била советник на претседателот на Комората.
„Вештачката интелигенција ќе уништи многу професии, меѓу кои и менаџментот
и консалтингот со кои се занимавам, но вештачката интелигенција треба да се разбе-
Марија ре само како добра алатка која може секојдневно да се користи за да се биде поефи-
Кумбароска касен, подобар и побрз во работењето и која помага да се носат заклучоци врз база на
Ванбесин податоци и на факти. Сепак, таа не може да биде главната стратешка цел во носењето
одлуки.“
Таа е проектен менаџер во Стопанската комора и генерален секретар на Коморскиот
инвестициски форум на Западен Балкан. Докторирала на Правниот факултет „Јустинијан
Први“ на УКИМ, Скопје. Професионалната кариера ја започнала како демонстратор на
Катедрата за граѓанско-процесно право на Правниот факултет, а во Комората преминала
да работи во делот на арбитражата. Незјината посветеност како генерален секретар при-
донела, пред меѓународните институции и пред ЕК, КИФ да се етаблира како соодветен
партнер и гласноговорник на бизнис-заедницата од регионот.
„Многу предизвици стојат пред Комората да продолжи да се развива, многу до-
бар пат се воспостави при трансформацијата на Комората во еден формат кој не е
Татјана Штерјо- класична институција како што многу луѓе ја гледаат во системот затоа што општата
ва Душковска перцепција на луѓето кога ќе се спомене Стопанска комора е некаква државна институ-
ција што е финансирана од Буџетот. Иницијативите кои ги покренавме во изминативе
години го пренасочија работењето на Комората кон тоа директно да работи со компани-
ите и да биде сервис на компаниите.“
15 април 2025 33

