Page 5 - komora 15 april 2025
P. 5
БИЗНИС
Таа е менаџер за надворешни работи и менаџер за фискални и за економски прашања
за Блискиот Исток и Африка, Јужна и Југоисточна Азија во „Филип Морис интернацио-
нал“, Скопје. Докторирала на Економскиот факултет при УКИМ на тезата „Одлив на ка-
питал во форма на странски директни инвестиции од големите нови економии (Бразил,
Русија, Индија и Кина) кон остатокот од светот – импликациите врз глобалниот економ-
ски поредок“. Личност е со искуство во државниот и во приватниот сектор, работејќи во
Министерството за финансии за макроекономска политика (2009) и во „Филип Морис
интернационал“ Скопје (2015).
„Во Македонија, корупцијата е огромен блокатор за развојот на државава и е еден
од најзначајните фактори за низок раст на БДП. Потребни се поодлучни чекори и
можеби е време да се донесе Законот за потекло на имотот, да се стимулира картич-
Анита ното работење, да се намали готовинското плаќање во државава, но и да се направи
Блажевска промена на Законот за финансирање на политичките партии. Тоа се конкретни мерки.“
Тој е генерален извршен директор на „Витаминка“ А. Д., Прилеп. Магис-
трирал на Економскиот факултет во Прилеп. Професионалната кариера ја
започнал многу млад како трговски патник во приватен сектор, а подоцна
ја основал сопствената приватна фирма „Салида“. Тој е почесен конзул на
Украина во Македонија од 2023 година и потпретседател на Стопанска ко-
мора од 2015 година.
„Комората значи премногу за бизнисот во Македонија. Сè што сакаме
да артикулираме и да кажеме во однос на недостатоци во работењето во
Македонија и за одредени промени, ние го кажуваме преку Комората; сè
Сашо Наумоски што ни требало за странските пазари информациите сме ги добивале од
Комората; сè што ни требало од едукации го имала Комората и сме го корис-
теле максимално. Ние гледаме дека нашиот успех е многу поврзан со Комората. Голем дел од нашите
резултати се должат на блиската соработка со Комората.“
Тој е генерален директор на „Прилепска пиварница“. Фокусот го става
на корпоративното управување со примена на процеси и на процедури
за подобро управување на компанијата, базирано на одговорност, на кон-
трола, на отчетност преку одредени внатрешни механизми. Дипломирал
на Економски факултет, УКИМ Скопје, меѓународна трговија и маркетинг.
Професионалната кариера ја гради во „Прилепска пиварница“ на повеќе
работни позиции. Потпретседател е на Стопанската комора.
„Трите најважни сегменти кои треба да бидат поставени како основа
за напредок на државава се: образованието, правниот систем и здрав-
Сашко Самаџиоски ствениот систем. Ако ги немаш поставено тие три сегменти како што
треба, на краток рок нема да се постигне значителен напредок.“
Тој е генерален директор на „Макпрогрес“ ДОО, Виница. Дипломирал на
Економскиот факултет, а подоцна се стекнал со звањето магистер по психо-
лошки науки. Професионалната кариера ја започнал на 20-годишна возраст
во семејната компанија „Макпрогрес“ ДОО, градејќи сè низ сите работни по-
зиции. Го надградува образованието на домашни и на странски менаџерски
школи и го основал Тренинг центарот за обука во компанијата. Потпретседа-
тел е на Стопанската комора.
„Комората е значаен фактор за бизнисите. Политичарите се креатори
на економските политики, меѓутоа Комората е таа која секогаш застанува
Григор Цветанов зад компаниите, и тоа не како сопственици на капиталот, туку како ен-
титети во кои се вклучени вработените и доставувачите, но и како фирми.“
15 април 2025 31

