Page 6 - komora 15 april 2025
P. 6

103
                                 102
                                  godini
                                  godini
           КОМОРА НА ИДНИНАТА И ВАШ КОНСУЛТАНТ ВО БИЗНИСОТ
                ЕУ И НИЕ !
        https://www.mchamber.mk/
           Како активен учесник во процесот, повикуваме на:
                                         Тој е генерален менаџер на „Костал Македонија“ ДОО Охрид. Магистри-
             - департизација на државните институции;  рал  на  Машинскиот  факултет  на  Институтот  за  технологија  во  Рочестер,
             - разумно трошење;
             - почитување на законите;  САД, и на бизнис и администрација на Харвард универзитетот во Бостон,
                                      САД. Професионалната кариера ја започнал како дизајн
             - создавање на подобри услови за бизнис делување.
                                         инженер  во  „Магна“  Сиракјуз,  САД,  а  потоа  продолжил  во  „Џенерал
                                      електрик“, Ири, САД, „Мекензи“, „Трастхеџ“ и „Ам онли“. Претседател е на
                                      Асоцијацијата на странски компании со технолошко напредно призводство
                                      и потпретседател на Комората.
                                         „Во секоја компанија или организација, човечкиот кадар е основата.
                 Виктор Мизо
                                      Без човечки кадар и без знаење не можете да одите напред. Може да
                                  имаме колку сакаме роботи и автоматика, но без луѓе не оди ништо. Неоп-
         ходно е континуирано учење и доусовршување на полето на менаџментот и на лидерството, како и во
         сферата на работењето затоа што тоа што се учи на факултетите не е доволно бидејќи технологијата
         оди напред.“



                                         Тој е втор извршен директор на „Пекабеско“ АД Скопје. Завршил магис-
                                      терски студии на Охајо универзитетот, САД. Учествувал во Келог програма-
                                      та за извршни директори на Нортвестерн универзитетот, организирана од
                                      Македонија 2025. Знаењето стекнато во странство го применува во своето
                                      работење.
                                         „Стопанската комора е форум на кој ние си го кажуваме нашето. Нема
                                      друг форум на кој ние како стопанственици ги кажуваме нашите пре-
                                      дизвици и она со што се соочуваме. Во Стопанската комора има инфра-
               Анатол Кутревски       структура и луѓе кои имаат знаење и кои се упатени ако ви треба нешто;
                                      луѓе кои знаат да ви дадат совет и насока. Имаме обуки и ефикасна ко-
                                  муникација со државните институции и со странство поради соработката и
         регионалните иницијативи за подобрување на трговската размена.“


                              Таа е проектен менаџер во Стопанската комора со долгогодишно искуство во областа
                          на стручното образование и квалификацискиот систем. Како поранешен државен сове-
                          тник во Министерството за образование и наука и како член на Советодавниот комитет
                          за стручно образование и обука при Европската комисија, таа е еден од клучните креа-
                          тори на Националната рамка за квалификации. Во Стопанската комора на Северна Ма-
                          кедонија работи на создавање систем за развој на кадар во согласност со потребите на
                          бизнисот – стратешка цел на Комората за наредниве 10 години.
                             „Tреба да се вложува во образованието и да се создава кадар според потребите на
                          компаниите. Без квалификуван кадар не можеме да очекуваме продуктивност, про-
                          изводство и ефикасност, а со тоа и зголемување на БДП. Целата наша посветеност и
                          ангажираност се насочени кон создавање квалитетно, функционално образование
              Наташа
             Јаневска     според потребите на бизнисот.“


                             Таа е професор по надворешна економија и меѓународна трговија на Економскиот
                          факултет при УКИМ, Скопје, и директор на Регионалниот центар за обука − Светската ца-
                          ринска организација. Нејзино поле на научен интерес е меѓународна економија и тргов-
                          ски прашања (либерализацијата на трговијата според правилата на СТО, [не]имплемента-
                          цијата на Договорот за олеснување на трговијата на СТО, дигитализација на процедурите
                          за царинење и меѓународно признавање на AOE) и регионална интеграција. Советник е
                          на претседателот на Стопанската комора.
                             „Во еден период кога фирмите беа исклучително затворени за примање студенти
              Ирена       за практична работа кај нив, што беше законска обврска за високото образование,
            Кикеркова     Стопанската комора широко ги отвори вратите. Сме имале многу студенти од Кате-
                        драта за надворешна трговија кај нас на практична работа не само да ја исполнат закон-
         ската обврска туку и беа полни со впечатоци со работите што ги научиле бидејќи учеле директно од
         стопанствениците.“

    32                           15 април 2025
   1   2   3   4   5   6   7