ВЛАДАТА НА САД НЕ МИСЛИ ДА ГИ СПАСУВА НИСКОБУЏЕТНИТЕ АВИОКОМПАНИИ, им советуваат да најдат долари на приватните пазари

Министерот за транспорт на САД, Шон Дафи, денес изјави дека не мисли дека владата на САД треба да ги спасува нискобуџетните авиокомпании кои побараа 2,5 милијарди долари владина помош поради високите цени на авионското гориво.

„Би рекол дека во овој момент не мислам дека е потребно. Тие имаат пристап до готовина. Ако сакаат да дојдат до владата на САД, ние би биле кредитор во последен момент. Ако можат да најдат долари на приватните пазари, мислам дека тоа е подобро за нив“, рече Дафи на прес-конференција на аеродромот Њуарк, според Ројтерс.

Во меѓувреме, нискобуџетната американска авиокомпанија „Спирит ерлајнс“ денес објави дека ги суспендира сите операции откако не успеа да обезбеди планирана владина помош од 500 милиони долари.

Според американските медиуми, администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп размислувала за спасување на компанијата, но се откажала кога не бил постигнат договор за условите, претходно објави CBS News.

Разговорите за спасување, кои вклучуваа план владата на САД да преземе 90 проценти мнозински удел во компанијата, пропаднаа по несогласувањата со доверителите, пренесува Б92.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано