Цената на нафтата „Брент“ се искачи над 122 долари за барел, достигнувајќи го највисокото ниво од 2022 година, поради застојот во преговорите меѓу Соединетите Американски Држави и Иран и блокадата на Ормускиот теснец.
По еднодневен скок од речиси 10 проценти, цената се стабилизираше на околу 120 долари, објави Гардијан.
Според проценката на организацијата „Оксфорд економикс“, шестмесечниот застој би можел да ја покачи цената на нафтата на 190 долари до август.
Економистот Пол Кругман предупреди дека продолжената блокада би можела да предизвика глобална рецесија ако трае уште неколку месеци.
Растечките цени на нафтата веќе влијаат на глобалната економија, поттикнувајќи ја инфлацијата.
Инфлацијата во САД се искачи на 3,3 проценти во март, додека Велика Британија се соочува со економски загуби и зголемен ризик од рецесија во 2026 година, пренссува РТВ.
Фото Економија и бизнис






