Во јуни конечна верзија на физибилити студијата за брзата пруга

Подготовката на физибилити студијата за проектот „брза пруга“ е во тек и конечната верзија треба да биде готова во јуни. 

– Подготоката на студијата трае 270 дена и мора да помине месец мај за да биде комплетно изработена. Јуни би требало да ја имаме, рече денеска во одговор на новинарско прашање премиерот Христијан Мицкоски. 

И министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска посочи дека студијата е во подготовка. 

– Сето тоа е во подготовка. Физибилити студија не може да се изработи за неколку месеци, треба да помине одреден период. Дополнително се прави ревизија на физибилити студијата, изјави Димитриеска Кочоска.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано