БРИСЕЛ ДА БИДЕ ПРИМЕР ЗА ЈАВНИТЕ ТРОШОЦИ, Мелони ги критикуваше плановите за реновирање на зградата на ЕУ вредна 800 милиони евра

Италијанската премиерка Џорџa Мелони денес ги критикуваше плановите за реновирање на една од главните згради на Европската Унија во Брисел, која треба да чини 800 милиони евра.

Мелони истакна дека Брисел треба да даде добар пример кога станува збор за јавните трошоци, особено додека продолжуваат напнатите преговори за долгорочниот буџет на ЕУ.

„Исто така, треба да испратиме јасна порака во врска со административните трошоци“, изјави премиерката на Италија пред новинарите на маргините на неформалниот самит на ЕУ во Никозија, објави бриселскиот портал Политико.

Таа додаде дека не е можно да се предложи реновирање на седиштето на Советот на ЕУ, кое чини 800 милиони евра, бидејќи тоа е нешто што, како што изјави, Италија не може да си го дозволи, а во исто време ќе испрати погрешна порака до граѓаните.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано