Во април, од земјите од Персискиот Залив беше испорачана 57 проценти помалку нафта отколку пред почетокот на американско-израелската воена операција против Иран, објави денес една од најголемите инвестициски банки во светот, Голдман Сакс.
Производството на нафта во тој регион се намали за 14,5 милиони барели дневно во просек овој месец, а Голдман Сакс верува дека по обновувањето на пловидбата низ Ормускиот теснец, ќе бидат потребни месеци производството да се врати на нивоата пред конфликтот.
Глобалниот пазар на нафта е под зголемен притисок поради ситуацијата на Блискиот Исток, како резултат на што цената на барел референтна сурова нафта Брент порасна петти ден по ред, со неделно зголемување од 17 проценти.
Во четврток, цената на фјучерсите за нафта Брент за испорака во јуни на Лондонската берза надмина 107 долари за барел.
Фото Економија и бизнис







