Светското фудбалско првенство 2026 ќе биде најголемото и најспектакуларното во историјата на фудбалот. За првпат мундијалот ќе се игра во три држави — САД, Канада и Мексико — и за првпат ќе учествуваат 48 репрезентации, а ќе се одиграат вкупно 104 натпревари.
Но, покрај фудбалските ѕвезди и натпреварите што ќе го привлечат вниманието на целиот свет, во центарот на вниманието ќе бидат и стадионите — модерни спортски храмови, легендарни арени и места на кои веќе е испишана значајна спортска историја.
Во наредните 16 дена ќе ве прошетаме низ стадионите што ќе бидат центарот на светскиот фудбал во 2026 година — местата каде што ќе се испишува новата историја на Мундијалите.
Од легендарната „Ацтека“ во Мексико Сити, до футуристичките стадиони во САД и Канада, ова е приказна за местата каде што ќе се создава новата историја на светскиот фудбал.
Серијалот „16 стадиони, еден Мундијал“ го отвораме со — Estadio Azteca, во Мексико Сити.








