✈️ Нова директна авиолинија од Меѓународниот Аеродром Скопје до Алгеро, Сардинија!

ТАВ Македонија вчеравечер го одбележа воспоставувањето на новата сезонска, летна авиолинија Скопје – Алгеро, дополнително збогатувајќи ја понудата на атрактивни дестинации достапни од Меѓународниот Аеродром Скопје.

Новата авиолинија на Wizz Air, отвора нови можности за патниците да го откријат шармот на Сардинија во текот на летната сезона, а истовремено придонесува кон зајакнување на воздушната поврзаност со Италија и развој на туристичките и економските врски меѓу двете земји.

По повод првиот лет, ТАВ Македонија им подари на патниците пригодни картички во форма на бординг карта, како симболичен спомен од почетокот на ова ново патување.

– Продолжуваме да работиме на проширување на поврзаноста и создавање нови можности за патниците и за заедниците што ги поврзуваме, велат од ТАВ Македонија.

Повеќе од истиот автор

Најчитано