Трамп изрази оптимизам за можен договор со Иран

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изрази оптимизам дека наскоро може да биде постигнат договор со Иран, и покрај загриженоста околу ескалацијата на конфликтот, енергетската криза и последиците за НАТО и Блискиот Исток.

Трамп на митинг во Лас Вегас изјави дека ситуацијата „се движи во добра насока“ и дека конфликтот „треба наскоро да заврши“.

Тој додаде дека воените операции биле „успешни“ и ја пофали силата на американската армија.

Претходно, Трамп изјави дека Иран се согласил да предаде дел од збогатениот ураниум, што е една од клучните спорни точки во преговорите за окончување на конфликтот.

Според неговите најави, нова рунда разговори меѓу двете страни би можела да се одржи во текот на викендот. аб/мс

извор/МИА

Повеќе од истиот автор

Најчитано