Иранското раководство денес повтори дека бродовите мора да плаќаат патарина за да минуваат низ Ормускиот теснец, откако клучниот морски пат повторно беше затворен.
Во соопштението, кое го пренесе иранската државна новинска агенција Фарс, се вели дека тоа ќе вклучува собирање целосни податоци за бродовите, издавање дозволи за премин и собирање трошоци поврзани со безбедноста, сигурноста и заштитата на животната средина.
Советот, меѓу другите, вклучува и претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан, военото раководство и командантите на Револуционерната гарда, како и министерот за надворешни работи, Абас Аракчи.
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, претходно ја отфрли можноста бродовите да плаќаат такси за премин низ Ормускиот теснец.
Иран, по краткорочното деблокирање на Ормускиот теснец, утрово објави дека преминот повторно е затворен затоа што, како што е наведено, „Соединетите Американски Држави не ги исполнија своите обврски според договорот за двонеделен прекин на огнот“, пренесуваат медиумите во светот.
Фото Економија и бизнис





