Привремено недостапни електронските услуги на порталот uslugi.gov.mk

Министерството за дигитална трансформација ја информира јавноста дека поради технички причини и тековни активности за надградба на опремата, одредени услуги на Националниот портал за електронски услуги  uslugi.gov.mk се привремено недостапни.

– Aктивно се работи на отстранување на пречките и на повторно ставање во функција на сите услуги, што се очекува да се реализира многу бргу. Граѓаните ќе бидат дополнително и навремено известени веднаш по целосното воспоставување на достапноста на услугите. Министерството за дигитална трансформација им се заблагодарува на граѓаните за трпението и разбирањето – се наведува во соопштението.


Извор/фото МИА

Повеќе од истиот автор

Најчитано